Потребно време за читање: < 1 минута

48. Непореклива

Сѐ уште стојам цврсто
на нозе
пред сѐ побрзите промени
на временските состојби
во моево опкружување:
од сите четири страни
(може да се пет, шест,
може неброени)
сонце, ветер, облаци,
молњи, дождови, снегови,
призраци, суши,
плодородие).

Тоа е затоа што
мојата постојаност
е непореклива
и се прифаќа или не.

Во последно време
од моево
сѐ побрзи ми се промените
на временските состојби
во моево опкружување
од една,
а од друга страна
мојот говор, моето пеење
и моето молчење
како да стануваат
сѐ поневажни за мојата
непореклива суштина;
додека сум среде
последна, претсмртна битка
за возвишување.
на мојата постојаност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here