Потребно време за читање: < 1 минута

43. Средина

Се насобрале гласови
тивки и екотни
помеѓу
стварен и заумен свет,
па никако
да се извишат до  небо,
да се слушнат меѓусебно
и да се разберат
како луѓе.

Едни се за угоре,
други за удолу,
едни за влево,
други за вдесно,
а сите стојат в место;

како ни во стварноста,
ни во заумноста
да не препознаваат
свои претходници
и следбеници,
ниту предци и потомци.

Како да чекаат
да ги раздуваат
молчаливи ветришта
на сите страни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here