ПРИРОДНА СОСТОЈБА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

42. Дури можеш

Не мора никој да узнае
за тебе
дури не премалиш
превртувајќи земја
каменита
и редејќи камен на камен,
од најголем до најмал
во рамнотежа со секое
минливо време,
откорнати од душата
нејзина,
од нејзиниот крвоток.

Да не узнае никој дури
ѕидот каменит во недоглед
не го извишиш до небо,
што да не може ни птица
да го прелета по многу
преселби
од студени во топли
предели.

А кога веќе не ќе можеш
да достоиш на  нозе,
исправен
пред надојдени води,
по бесцелни танци
на ветришта
нескротливи во тишина
и молк,
влези во земјата каменита
и дозволи ѝ да те покрие
со камења од најголем
до најмал

што не си успеал
да ги откорнеш
од душата нејзина,
од нејзиниот крвоток.

Leave the first comment