ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

52. Кога не може

Не те гледам
ни блиска ни далечна;
како веќе да си
на светов недогледна.
Не прифаќам,
не признавам
зашто и беше и си
во мене.

 

53. Челад

Ја има откога ја нема
нашата челад
крај огниште што гасне
обѕидано со коски
на знајни и незнајни
предци.

 

54. Виден

Виден еден виден
како сенка меѓу траги
на видни,
а безимени, а стожерни
во борба за лична
опстојба.

Leave the first comment