ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

49. Здраво

Здраво е, здраво да е
и здраво ќе е
сечие постоење
меѓу ридје соголено
до голи корени,
ако во нив тлее крв
што некогаш
ќе се излее
на поврвнина,
на небо ширно.

 

50. Снага

Исправил снага на сонце
во тишина изгревна
за да собере сила нова
пред почеток
на нова авантура родна,
жизнерадосна.

 

51. Безветрина

Конечно безветрина за мене
на недогледно пространство
небесно
низ кое допрва ќе пловам;
нечујно, невидливо, живо
во мое неделиво време.

Leave the first comment