ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

46. Далеку

Одамна далеку ти од мене
дека бил живот надежен,
сонуван и стварен
на хоризонт недостижен
за стравови, неизвесности,
студенини.

 

47. Тој посветен

Нему ништо не му се чини
неосвоиво
додека пробива гола стена
со избрани зборови
на молк, тишини, крици,
живи рани,
светлини, мрачнини,
обграденост, обѕиданост
и премаленост на крв.

 

48. Без мене

Скоро и без мене ќе биде
моето семејно стебло,
јас единствен
кој долго се опира
на невреме дојдено
на оваа земја огнена,
за пофалба достојна;
да се вкорени конечно
со длабока трага
во човек што е човек.

Leave the first comment