ПРИПЕВИ, поезија

Потребно време за читање: < 1 минута

40. Давам

Давам секому
несебично
мои мисли
во зборови
и мои самости
во години.

 

41. Гледам

Гледам како бавно
извор љубовен
секнува
пред пламен.

 

42. Пред мене

Пред мене
далечен хоризонт
на кој играат деца
игра на опстанок.