Негде близу до срце
Во залез оковано
Се заплеткал воздив
Сосе длабока тишина
И загадочна мразнина.
Заплеткан воздив
Далеку од издив
На човек во нигде.
Неговата свесност
Никако не го разбира
Залезот скрвавен
Како последен крај
На сон бескраен
Сосе неговите окови.
Неговата возбуда
Пред безимена убост
Како да му гасне срце
Од љубови преуморно.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 34