Многу премрежја во едно
Како најголемо
Како најмачно надминато.
Или ненадминато.
Препознаено оддалеку
Како иде
Како се доближува
Бучно громовно силовито
Рушејќи сè пред себе.
Или не иде туку чека
Како да се навестува
Како да се насетува
За да му се доближат.
Кои се за ова премрежје.
Важно е дека совреме
Многу пред да се надмине
Не било никогаш
Ниту е за еден
А било а е за многумина
Можеби за сите
За народ за народи
За сиот свет.
Како многу премрежја
Во едно
Како најмачно надминато
Или уште ненадминато
Премрежјево
Има најдлабока рана
Во свеста и немоќта
На сите.
Никогаш на еден.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, 47