Колку ли биле колку се
и колку допрва ќе бидат
неброени незнајни едни
негледливи согледливи
порази на телото
порази на духот
различни повторливи
очекувани ненадејни
пречекани пустошни.
По кои бил за никаде
исто како за секаде
изранет до толку што
не можел многу време
да се крене да се исправи
да застане да продолжи.
Од кои веќе никогаш
не бил што бил
ниту замислувал да биде.
Не биле не се ниту
некогаш ќе бидат
неговите порази
на телото на духот
како на други што биле
што одамна не се.
Затоа што не се никогаш
пред или по победи
на слободоумноста.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 24





