Преуморен премален
едвај уште на нозе
по поминат долг пат
по долг од
он бара околу себе
може само на чекор
пред зад или крај
место за починка
со засенето сонце.
Не го наоѓа
зашто е пустелија
зашто е беспатје.
Не му останува друго
освен да чека ден
да издржува некако
притоа не губејќи се
себеси како човек
самотник.
Потоа ноќта ќе биде
негова
како сите што минале
досега
во кои се навраќал
на сè што оставило
трага
во неговите постоења.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 23





