Најважното од биографијата на Pink Floyd
Британски рок состав основан во 1964. година во Кембриџ (Англија). Името го смислил членот Сид Барет (Syd Barret), според плочата на Пинк Андерсон и Флојд Коунсил, двајца блуз-музичари од Џорџија, од Баретовата музичка колекција.
Откако Барет почнал да покажува знаци на ментална болест поради земање на дроги, групата во 1968. го заменила со гитаристот Дејвид Гилмор (David Gilmoure), а со текот на времето водач станал бас гитаристот Роџер Вотерс (Roger Waters), еден од главните автори на песните. Под негово водство групата ги сними најзначајните албуми и доживеа светски успех.
Pink Floyd е најпознат според албумите The Dark Side of the Moon (1973.), Wish You Were Here (1975.), Animals (1977.), како и концептуалната рок опера The Wall (1979.).
Во 1985. година Роџер Вотерс ја напушта групата, а Гилмор, Мејсон (Mason) и Врајт (Wright) по краткотраен судски спор постигнуваат вонсудска спогодба со Вотерс која им дозволува да продолжат да настапуваат и да објавуваат под истото име – Pink Floyd. Нивниот последен студиски албум е издаден во 1994.-The Division Bell. Потоа Дејвид Гилмор изјави дека ќе се посвети на соло кариера.
Во 2005. година групата заедно со Роџер Вотерс настапи во Лондон на Live 8 концертот, а потоа сите членови уште еднаш се собраа во 2007. на концерт во Лондон, во спомен на Сид Барет. Тогаш Вотерс настапи издвоено од останатите тројца членови. На 15. септември 2008. во 65. година од животот почина клавијатуристот Ричард Врајт (Richard Wright).
На 10. јули 2010. во Кидлинтон, Англија, Дејвид Гилмор и Роџер Вотерс настапија заедно на добротворен концерт за Hoping Fondation, фондација која собира средства за подобрување на животот на децата во Палестина.
Групата е обележана според психоделичните и прогресивни рок композиции, филозофските текстови на песните, звучното експериментирање, иновативните обвивки на албумите и внимателно осмислените настапи во живо.
Се смета за една од најуспешните рок групи на сите времиња, а се продадени околу 75 милиони нивни албуми во САД и над 200 милиони албуми ширум светот.
За пошироката публика Pink Floyd е синоним за хитовите како што се „Wish You Were Herе“, „Comfortably Numb“, „Money“, „Shine On You Crazy Diamond“ и „Another Brick in the Wall“.
Константната потреба концертниот настап да се претвори во што поголемо шоу резултира со поголеми идеи и изведби, сѐ до поставување на вистински ѕид (од картонски кутии) помеѓу бендот на сцената и верната публика.
Членови на составот:
David Gilmour (вокал, гитара),
Nick Mason (тапани),
Richard Wright(клавијатури) (28. јули 1943.- 15. септември 2008.)
Поранешни членови
Syd Barrett (вокал, гитара),
Roger Waters (вокал, бас гитара),
Bob Klose(гитара).
Студиски албуми
The Piper at the Gates of Dawn – 1967.,
A Saucerful of Secrets – 1968.,
Ummaqumma – 1969.,
Atom Heart Mother – 1970.,
Meddie – 1971.,
The Dark Side of the Moon- 1973.,
Wish You Were Here – 1975.,
Animals- 1977.,
The Wall – 1979.,
The Final Cut – 1983.,
A Momentary Lapse Of Reason- 1987.,
The Division Bell – 1994.
Филмска музика
Music From The Film „More“ – 1969.,
Obscured By Clouds – 1972.
https://www.youtube.com/watch?v=pHGLY5uOxu0&list=PLckAeA53aQzM5EhWSK-uWAEGnnzVQ-ftB
Компилации
Relics 1971.,
Nice Pair- 1973.,
A Collection of Great Dance Songs 1981.,
Works 1983.,
Shine On- 1992.,
Early Singles 1992.,
Echoes: Best of Pink Floyd 2001.
Марк Блејк објави книга – приказна за Pink Floyd под необичен наслов „Кога свињите ќе полетаат“. Станува збор за биографија на бендот во која се забележани сите значајни моменти и случувања од неговото постоење, како и основните „елементи“ на неговиот култен статус. Оние што ја прочитале истакнуваат дека е најдобра можна биографија која ги опишува најважните моменти на животите на членовите.
Овој бенд никогаш не би бил тоа што е без сите членови, без оглед што некои отишле во потрага по здрав разум, соло кариери, самодокажување и друго. Фасцинантната историја на музичката група се чита во еден здив, а служи како фактографски увид во само дел од она што го придвижуваше и го правеше Pink Floyd.