Пат

Потребно време за читање: < 1 минута

Некој пробил пат каменит
низ планини и низини
кон незнајна цел,
може кон нејасна, блиска,
далечна, догледна,
недогледна;
пат кој само он
според крајпатни знаци
го минувал долго,
без оглед на времиња,
премрежја и лунѕања.

И по многу години,
можеби по многу векови,
верно оти бил и е каменит,
е ко што го пробил;
без знајна цел,
можебви нејасна, блиска,
далечна, догледна,
недогледна.

Сега на насобран народ
он како да му се отвора
за решителен ôд
кон спокојно изгрејсонце,
ново, жизнено, едно
и самобитно.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталација, 6