Он снеможува

Внатрешни содржини

Најчесто снеможувал,
најмногу снеможува
од ветришта кои дуваат
без престан во свет
во кој оставил траги
на свои воздиви;
обидувајќи се залудно
да ги обессили
уште пред да почнат
да се вкрстуваат
во точка на конечност.

Нема уште долго
како единствен кој
никој не може
совреме да го стигне,
та да го престигне
во далечни
незнајни сегашнини.

Снеможувал,
снеможува он
надевајќи се дека
сепак ќе му се случи
макар уште еден,
макар последен
лет кон небесна шир.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 11

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.