fbpx Прескокни до главната содржина

Крици

Јас ли сам слушам крици
на живи и мртви птици
на небо
на гладни и сити ѕверки
на земја
на суви коски и корени
под земја
или ги слуша и некој
што во меѓувреме
од раѓање до самување
на почеток кон бескрај
ми е ближен може како
пак јас
во исчекување да се случи
нешто никогаш случено
очекувам да си одговорам
макар во ниедно доба
по полноќен миг
на почин
заглушни крици
со понекој спокоен глас
или тивок плач
на дете кое нема кој
да го нарани
со мајчино млеко
со понекој тревожен звук
или сè појако фучење
на притаен призрак
кој нема кој да го изгони
во беспатје
крици што ми го забавуваат
одот решителен
кон нова слобода на духот.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Огон, поетска студија, 44

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.