29. Многу години
Многу години пред огон
крај огон во огон за огон
он да влезе во нив
и мигум да ги пеплоса
без трага без траги
оставени сосе дело кое
не го создале во невреме
нивно нечие или ничие
туку да постои во мисла
од докажано постоење
на недобројни срцевини
човечки
развеани од ветришта
кои веќе одамна никој
не ги сака за живот
пред огон крај огон
во огон за огон
што пеплосува сè мигум
многу години далечни
од дело кое го создале
во време на глад студ жед
и смрт
за да биде недостижно
долго
за да остане долго
несовладливо од молк
или неразбирање дека
може огон да не му може
ништо
да не сака да му може
та да го заобиколи
и да го остави какво е
среде свое настроение.