ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 15

Потребно време за читање: < 1 минута

15. Неминовно

По години сушни
и неплодни
неминовно е пустошијава
да се рашири до крајни
граници на издржливост
на живот на човек
немоќен да пронајде
нов извор
за свое постоење
во поделен свет
меѓу светлина и студенина
а од друга страна
не е свесен дека
неговиот огон во неа
гасне бавно
речиси незабележливо
како да нема ништо
што би го одржало жив
макар глас макар крик
или сон надежен

неминовно е конечно
земјава каменита скаменета
распукана
да му се отвори на човек
немоќен да стори што било
за он да влезе во неа
та да го покрие заборавен
или да го извиши
над пустошијава
со негов нов извор
и негов нов огон
во срцето му.