Пиво Tuborg пиво
Потребно време за читање: 4 минути

Пивото е всушност течен леб- грижливо обработен сок од житарици.

За негово правење се потребни и умешност и наука. Први во чест на своите богови го произведувале и пиеле Сумерците. Подоцна тоа се вдомило и станало омилен пијалок во многу други земји, главно на север на Европа.

Ако сте имале можност да испиете чаша од можеби најпознатото пиво на светот- ирското Guinness, или барем да сте биле во нејзина близина и сте ја посматрале, сигурно сте забележале дека пената на ова темно пиво е бела. Од што е составена и зошто бројни меурчиња патуваат кон дното, а не кон површината?

Нужно знаење: светлината која до предметите стасува од Сонцето е бела- се состои од цел спектар на фреквенции на електромагнетни бранови кои ја одредуваат бојата.

Дел од тие фреквенции материјалите впиваат, а дел рефлектираат. Освен тоа, некои материи исто така зрачат светлина на свои специфични бранови должини.

Пената на пивото се состои од илјадници мали меурчиња кои главно подеднакво ги рефлектираат сите бранови должини, па нивната боја е бела. Долго време е водена расправа за тоа дали меурчињата се движат во пивото кон долу или кон горе. Одговорот е- во обете насоки. Се разбира, би било логично да се очекува да патуваат исклучиво кон површината, зашто се исполнети со гас и поради тоа се полесни од самото пиво. Меѓутоа, со овие движења управува механиката на флуидот, а во чаша пиво таа создава сложени струи и бранови. Помеѓу нив најважна е циркулацијата, односно кружењето на течноста.

Во средиштето на чашата меурчињата се движат кон површината. Кога ќе стасаат таму, се движат на страна кон рабовите на чашата. Со тоа свое кревање и ширење тие ја повлекуваат и течноста, која потоа низ ѕидовите на чашата се враќа кон дното и со себе ги повлекува меурчињата.Поради тоа во чашата подеднакво можат да се видат оние што патуваат угоре и удолу.

Прочитај и за ... >>  Што е горна граница за одгледување на земјоделски култури?

Во ваквите експерименти најчесто се користи Guinness затоа што неговите меурчиња се главно исполнети со азот, а не со јаглероден двооксид. Дифузијата на азотот прилично се разликува од дифузијата на CO2 и мошне влијае врз убавината на брановите на пената, еднакво како и составот на самото пиво.

Интересно е исто така дека научници дури неодамна откриле какви форми попримаат меурчињата за најефикасно да го исполнат просторот во кој се густо стеснети едни до други. Всушност, тие се обликуваат во две незначително различни тела кои најекономично се согласуваат во тридимензионалниот простор. Овие форми се користат и во изградбата на еден павилјон за Олимписките игри.

Што се однесува на лековитоста на пивото, многу нешта се познати, а за многумина малку.

Доколку се конзумира во разумни количества, пивото ја гасне жедта, освежува и го поттикнува доброто расположение. Неговата лековитост ја препознале уште во прадамнешни времиња. Во стариот Египет како пијалок било задолжителен дел од оброците на робовите градители на пирамидите. Но, освен враќање на силата по напорна работа, пивото во тоа време како пијалок на сиромашните ја заменувало нечистата вода, зашто во процесот на неговото добивање со ферментација се уништувале бактериите ое водата. И во Грција пивото било пијалок на сиромашните, но се користело и како лековито средство кај проблемите со мокрење, против температура и главоболка, како и за лечење на шеќерна болест.

Прочитај и за ... >>  Огледало на здравјето: лице- чело

Многумина лекари тврдат дека помало количество на пиво девно (0, 5 л) поволно дејствува при лечење на некои тешки болести, на пример туберкулоза, колера или рак, како и оти има заштитен ефект против срцев инфаркт, висок притисок, шеќерна болест и гихт. Меѓу другото, пивото позитивно влијае врз прокрвавување, циркулација на крвта и крвен притисок, како и врз количеството на шеќер и вредноста на маснотии во крвта.

Пивото има посебен благотворен ефект и кога е збор за болести и пореметувања во функционирањето на мочните органи. Од прадамнешни времиња се користи како домашен лек во случај на воспаление на бубрезите, меурот и мочните патишта, како и често отежнато и болно мокрење. Со излачување на мочта се намалува бројот на бактериите, а на жените за време на менструација им се препорачува конзумација на барем 2 децилитра пиво.

Еднакво така умерена конзумација на пиво позитивно дејствува врз коските, нервите и мускулите и го намалува ризикот од појава на жолчни камења. Тоа го поттикнува варењето и го намалува ризикот од инфекција со опасната желудникова бактерија Helicobacter pylori.

Благодарение на големиот удел на витамини од Б- групата, пивото придонесува за убавината и здравјето на кожата, косата и ноктите, и е докажано дека умерената конзумација ја спречува појавата на дијабетес во старечкото доба.

Во прилог на конзумирање на 1 чаша пиво дневно оди и намалувањето на ризикот од појава на депресија, зашто поволно дејствува врз психата и така го поттикнува доброто расположение, релаксира, ја намалува напнатоста и ги разградува нервозата и стресот.

Прочитај и за ... >>  Благотворно дејство на лукот и кромидот: тие го намалуваат ризикот од рак

Треба да се наспомне дека не би смееле да отстапуваат од конзумирање на 1 до 2 чаши дневно ни лица кои внимаваат на својата линија, зашто токму спротивно на врежаното мислење пивото воопшто не дебелее оти не содржи маснотии и има помалку калории од млекото. Напротив, безалкохолното пиво е идеален фитнес напиток за оние што се занимаваат со некој од формите на телесна активност.

Се разбира, никогаш не треба да се заборави дека пивото, како и секој друг алкохолен пијалок, е здраво само во разумни количества, додека во преголеми не му користи, туку му наштетува на организмот, првенствено на црниот дроб, панкреасот, желудникот и коските.

Едно не баш пријатно откритие за пивопиите: комарците за 15% повеќе нив ги привлекуваат! Ги привлекува мирисот на алкохол во здивот, како и зголеменото производство на јаглероден двооксид, зашто така добиваат „сигнал“ дека луѓето помалку ќе се бранат од нив.

Тоа го откри студијата на Motpellier истражувачкиот центар. Комарците 15% повеќе ќе ги привлечат луѓето кои испиле чаша или две пиво. Научниците веруваат дека инсектите ги поврзуваат мирисот на пивото со намалената човечка одбрана од каснување, во комбинација со „примамливиот“ мирис на алкохолот.

На сите кои во лето се „разладуваат“ со пиво стручњаците им советуваат најнапред да се намачкаат со средство против комарците.

Бидејќи африканските комарци шират маларија, зголемената можност од каснување на луѓето кои пијат претставува важно сознание во нејзината контрола. Истражувачите го повториле експериментот со луѓе кои пиеле вода и откриле дека тие на комарците не им се посебно привлечни.