Нова игра

Препев на пев и повев

Не личи на игра
а е игра што се игра
за предизвик
на време посакувано
но никако да настапи.

Некое долго  
неповторливо време.

Тешко дека може
да се најде уште жив
човек
кој би знаел
да ја протолкува
како игра
која е за игра
што се игра
прво на земја
сетне меѓу две неба
сетне меѓу два облака
а најсетне меѓу
будност и сон.

Прво сетне најсетне.

Она што без сомнение
е посебност
на играва што се игра
се ритмите на топлина
сосе студенина
и на светлина
сосе мрачнина
без знаци дамнешни.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 56

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.