Секое невреме се случува по време кое никогаш не трае колку што се очекува, предвидува или посакува. Обично се случува ненадејно, значи ненајавено и малу или многу поразително за човекот сосе неговиот опстанок.
Погрешно се именува со невреме најавеното невреме. Всушност, тоа е исто време како секое друго време според редот на годишните доба. Исто како според редот на кои било нешта. Најмалу е поразително за човекот и неговиот опстанок.
Секое невреме минува по некое време. Ако, пак, не минува, ако стане предвидливо, тогаш се престорува во време. Може сосем незабележливо.
Едно последно невреме веќе трае предолго.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 122