НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, стихозбирка/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

171. Рана што крвави

Од насилие врз живот е,
лута рана неизлечива.

172. Товар

Товар од коски на предци
носи низ ветер пустошен.

173.  Двоумење

На крстопат е, а не знае
кој пат води кон вруток.

174. Оставнина

Делото што го творел
му го остава на творец.

175. Заборавен

Веќе никој не го памети
човекот со лице меѓу маски.

Leave the first comment