251. Врвица
Оваа врвица е сѐ уште моја.
Сѐ уште не е изодена од други.
252. Виѓавање
По некое време се виѓаваме.
Се познаваме ли или не?
253. Жаловно време
Зошто нема ѕвезди
на нашите неба?
254. Незнајна песна
Нечиј треперлив глас
пее незнајна песна за спокој.
255. Злосторство
Просто не се дише.
Сѐ живо умира.