246. Двојба
Сегашна и идна рожба
со минато или без него.
247. Врска
Една е врската помеѓу нас
на далечина. Мислата.
248. Секому
Секому му испраќам
детска игра бесцелна.
249. Одбив
Одбив на голема вода
пуштена за потоп.
250. На полпат
Долго сме на полпат,
а крај нас минат бедници.