456. Умрен или жив
Не се знае дали е жив?
Да не е умрен, а жив?
457. Дом
Урнатиниве беа мој дом.
Во него и по него се извишив.
458. Коска
Коска во сува земја
од крило на човек.
459. Расрден
Се расрдил ветар дека
баш ништо не ми може.
460. Крадци
Сѐ побезобѕирни крадци
на сомнеж и рамнодушие.