421. Сведен
Се собрале ближни на сведен
без заеднички минати времиња.
422. Недоречено
Сѐ недоречено од мене за нас
откога онемев во мрачнина.
423. Жед
Пред изворска вода
премален и бесцелен.
424. Буништа
Се обградиле со буништа
отпадници и простаци.
425. Се случува
Се случува гром да удри
во дрво со длабок корен.