НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

371. Повторливо

Во еден живот понешто повторливо
за во друг да не се заборави.

372. Недовршена слика

„Сликава нема кој да ја доврши“,
заклучи познавач на сликарот.

373. Испревртено

Бездушник минал
низ питом предел.

374. Јазик

Јазик за разбирање
на живот заедно.

375. Запознавање

Му фрлам гола коска
на пес што не ме познава.

Leave the first comment