НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

316. Горлив

Во горливо катадневие
пеплосан и рамнодушен.

317. Верба

Мора под исто небо да се зберат
луѓево што истрајале и траат.

318. Пораз

Дали е најголем од сите порази
овој доживеан во мрачнина?

319. Коров

Дозволи парчево негова земја
коров да го покрие, да го задуши.

320. Недраго

Недраго ми падна кога разбрав
дека те оставиле сам на нивен пат.

Leave the first comment