НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

311. Кажување

Едно кажување
за докажување.

312. Само

Само е пилево што
ми пее во самост.

313. Расцутување

Дочекав уште едно расцутување
на мојава тревожна природа.

314. Поразно сознание

Никому не му иде бел ден
во црнило и беспаќе.

315. Обмислено  

Удираш темел на куќа
за живот и опстој вековит.

Leave the first comment