НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

276. Земја

Плодна ќе биде сѐ дури
ја бранам од запустување.

 

277. Бдеење

Скоро со рани зори
за живот ќе зборувам.

 

278. Како било

Многупати било како било
од заборав до спомени.

 

279. Блиски

Бевме и сме толку блиски,
а сме во различни светови.

 

280. Плодови

Ги збирам да не презреат
дека со љубов ги зреев.

Leave the first comment