НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

161. Една далечина

Во далечина од заборав и самост
догледувам трага на жилав народ.

162. Пладне на тишина

Еден замолк и една немост
означуваат длабок издив.

163. Обессилен

Веќе не те гледам исправен
пред силници ослепеници.

164. Роден дом

Бил роден дом на жизнерадосни.
Веќе не се живи, а тој уште жив.

165. Насликан замин

Го насликав твојот замин
со ветар што гасне огнови.

Leave the first comment