Неречено

Камено небо

Било како боли нешто
крв рана прва врелина
ненадејно насилено
нерадо.

Прозрачна рака
на чело набрчкано
збрчкано убаво лице
несонето неречено
бело.

На љубов окаменета
со болна рана крв прва
врежана во паметење
гледа.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 59

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.