60. Врв на врв
Еден врв на врв
до самоти небо;
речиси во него,
речиси небесен.
Врвот е висок,
а на врвот
цел живот сам
се искачувал,
му ја совладувал
стрмнината
совладувајќи
свои сомненија
и премрежија.
За чудо,
врвот на врвот
стои исправен,
стамен
и достоинствен.
Во години е,
но никогаш
не бил еднакво
врвен со врвот.