58. Прекален народ
Минал народ вековит
низ бури, огнови,
камени пустини,
бескрвни голини,
родни секидневности;
низ подземни тишини,
надземни, небесни,
низ несогледливи
мрачнини и виделини.
Еве го сега овде
на меѓа меѓу
зборови, гласови,
знаци, писмо;
на меѓа меѓу
секакви искушенија.
Решен, решителен
уште жив и стамен
да биде
до последна смрт.