НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

18. Во пуста пустелија

Се будат
од надежи и сништа
луѓе на улица без лица
кои веќе заборавиле
како се дише слободно.

Не личат на луѓе,
а на сенки
на некои нелуѓе
што опседнале град
во кој сонце
никогаш не огреало
за да зајде
пред квечери
и спокојни ноќи.

Секакви диви животни
меѓу нив стрвни
следат траги на живот
на дамна мртви коски
согорени, пеплосани.

Leave the first comment