fbpx Прескокни до главната содржина

НЕ ПЕЕ, А ИГРА

Спротивно од очекувањата
на блиските и незнајните
по којзнае колку време
конечно да запее песна
испеана недопеана
он не престанува да кажува
и прекажува
немост заробена во зборови
некогаш шепотливи
поначесто безгласни
и кој од кој погромогласни.

Како да му е од навик.

Меѓутоа, кога со јасна цел
блиските и незнајните
би се обиделе да навлезат
во нив
особено во нивното значење
или во многузначноста
секако во поврзаноста
и семантичноста
многу лесно би ја одгатнале
играта што моментно ја игра
како да му е прва и последна.

Он всушност продолжува
исто како досега.

СЕКИДНЕВИЕ, Собитија, мигновени песни 68

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.