ШТО БАРА ЦРВ ВО ЗДРАВО ЈАБОЛКО? СЕ РАЗБИРА, ЗА ДА БИДЕ ЗДРАВО. ИСТО КАКО ШТО Е ЗДРАВО ЗА ЧОВЕК СЕКОЈ ДЕН ДА ИЗЕДЕ ЕДНО ЈАБОЛКО? ДА, ЗАТОА ШТО ЦРВОТ ОТСЕКОГАШ МУ БИЛ И СЕКОГАШ ЌЕ МУ БИДЕ ПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕК КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ.
НЕСОМНЕНО Е ДЕКА БЛАГОДАТТА НА ЗДРАВОТО, А ЦРВЛИВО ЈАБОЛКО МУ БЕШЕ ПОЗНАТА НА ЅИДАРОТ НА ЅИДАРИЈАТА КОЈА ЛИЧИ НА ЅИДИНА НА ТВРДИНА ДО НЕБО. НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕШТО ДРУГО ПОРАДИ ШТО СЕКОЕ УТРО, ПРЕД ДА ПРОДОЛЖИ СО ЅИДАЊЕ ИЗЕДУВА ЕДНО ЦРВЛИВО ЈАБОЛКО. И ЦРВОТ ВО НЕГО!
ЗА ГОЛЕМО ЧУДЕЊЕ Е ЛЕСНОТИЈАТА СО КОЈА ЅИДАРОТ И ЦРВОТ ГИ КРЕВААТ И ГИ ВЅИДУВААТ ГОЛЕМИТЕ БИГОРНИ КАМЕЊА. ВСУШНОСТ, КАРПИ ИЗДЕЛКАНИ ВО УТВРДЕНИ ДИМЕНЗИИ ПРЕД МНОГУ ВЕКОВИ.
ЅИДИНАТА НА ТВРДИНАТА ТРЕБА ДА ГИ НАДЖИВЕЕ ЅИДАРОТ И ЦРВОТ. ЗАЕДНО СО КОРЕНОТ НА СТАРАТА ЈАБОЛКНИЦА МЕЃУ НИВ.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза,13