ТОЈ СОЗДАВАШЕ ДЕЛА ДЕЊЕ-НОЌЕ, БЕЗ ПРЕСТАН. ГИ ЖИВЕЕШЕ, ГИ ОЖИВУВАШЕ И СВОЕВИДНО ГИ ПРЕЖИВУВАШЕ. А ЖИВОТОТ, ЗА НЕГО СИВО СЕКОЈДНЕВЈЕ-НЕСОПИРЛИВ, МИНЛИВ, ДРЕБНАВ, МИНУВАШЕ КРАЈ НЕГО. МИГНОВЕНО.
МУ СЕ СЛУЧИЛО НЕШТО ВО МЕЃУВРЕМЕ? ШТО МОЖЕЛО ДА МУ СЕ СЛУЧИ?!
ЛУЃЕТО ИЗМИСЛУВАА, НЕ ПРЕСТАНУВБААТ ДА ИЗМИСЛУВААТ СĖ И СЕШТО. НАЈМНОГУ ДЕКА ОДАМНА НЕ Е ЖИВ МЕЃУ НИВ, ЖИВИТЕ!
ЕДНОСТАВНО, ЕДНО СИВО УТРО ИЗЛЕГОЛ ОД ДОМА, ТРГНАЛ КОН НЕГДЕ, КАКО САМО ТОЈ ДА ЗНАЕЛ КОН КАДЕ, И ДОСЕГА НЕ СЕ ВРАТИЛ. ВО СИТЕ ИЗМИНАТИ ДЕНОВИ И НОЌИ. ПРОГЛАСЕН Е ЗА МРТОВ? ЛУЃЕТО НАЈМНОГУ ИЗМИСЛУВАА И НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА ИЗМИСЛУВААТ ДЕКА ЗАМИНАЛ БЕСТРАГА.
А ШТО Е СО ДЕЛАТА ШТО ГИ СОЗДАВАШЕ ДЕЊЕ-НОЌЕ, БЕЗ ПРЕСТАН? ШТО ГИ ЖИВЕЕШЕ, ГИ ОЖИВУВАШЕ И СВОЕВИДНО ГИ ПРЕЖИВУВАШЕ? НИКОЈ ЖИВ НЕ ЗНАЕ! ЕДНОСТАВНО, НИКАДЕ ГИ НЕМА! ЕДНОСТАВНО, КАКО ДА ИСЧЕЗНАЛЕ! ДА НЕ ЗАЕДНО СО НЕГО?!
ВО МЕЃУВРЕМЕ, НИКОЈ НЕ СЕ ПРАШАЛ, НИТУ СЕ ПРАШУВА, НИТУ СЕ НИ ОБИДУВА ДА СИ ОДГОВОРИ:
ЗОШТО САМО СОЗДАВАШЕ? ЗАРЕМ НЕ СОЗДАДЕ? ВЕЌЕ НЕ СОЗДАВА? КАКО ТОА?!
ПРИКАЗНА ШТО СЕ ПРЕКАЖУВА:
БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН ЧОВЕК ЗА КОГО НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДАЛИ БИЛ, Е ИЛИ МОЖЕБИ ДОПРВА ЌЕ БИДЕ. СОЗДАВАШЕ ДЕЛА, А ЖИВОТОТ, ЗА НЕГО СИВО СЕКОЈДНЕВЈЕ-НЕСОПИРЛИВ, МИНЛИВ, ДРЕБНАВ, МИНУВАШЕ КРАЈ НЕГО. МИГНОВЕНО.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 24