СИТЕ ГО ЗНААТ ЧОВЕКОТ КАКО УЧЕН КОЈ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА УЧИ. И КОЈ ЈА НЕГИРА СОКРАТОВА ФИЛОЗОФСКА ИЗРЕКА „СЕГА ЗНАМ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАМ“. ЈА СМЕТА ЗА ПОРАЗИТЕЛНО ПРИЗНАНИЕ. ВЕЛИ: „ЈАС ОТКОГА СУМ ПОЧНАЛ ДА УЧАМ ЗНАМ ДЕКА ЗНАМ, НО НИКОГАШ НЕ ЗНАМ КОЛКУ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАМ“.
ОД ПРЕТПЛАДНЕ ДО ПОПЛАДНЕ НАЈЧЕСТО МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО ЧИТАЛНАТА НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА.
ЧОВЕКОТ Е МИСЛИТЕЛ, И ТОА ОД ОНИЕ ШТО МИСЛАТ НА СĖ И ЗА СЕШТО. СИТЕ ГО НАУЧИЈА ДЕКА КАЖУВА ШТО МИСЛИ САМО КОГА ЌЕ ГО ПРАШААТ ШТО МИСЛИ ЗА НЕШТО. ИНАКУ МОЛЧИ ДЛАБОКО И ИЗГЛЕДА КАКО ДА МИСЛИ ДЛАБОКО.
СИТЕ ГО СРЕЌАВААТ УЧЕНИОТ ЧОВЕК НА УЛИЦА ДЕЊЕ-НОЌЕ. ТОЈ Е БЕЗДОМНИК.
НЕМА НИШТО ИНТЕРЕСНО ВО НЕГОВОТО СЕКОЈДНЕВНО ЖИВУРКАЊЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАСКАЖУВА ИЛИ ПРЕРАСКАЖУВА.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 15