НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ТАА БЕШЕ ПРЕКРАСНА. НЕ НИ ДЕКА БЕШЕ ПРЕКРАСНА ЗА НЕГО, БЕЗ ПРАШАЊЕ ДАЛИ И ЗА НЕГОВИ БЛИСКИ. ИСТО ТАКА НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА МНОГУ ЈА САКАШЕ, А НИ ДЕН-ДЕНЕС НЕ ЗНАЕ ДАЛИ И ТАА НЕГО. ВПРОЧЕМ, НИШТО НЕ БЕШЕ, НИТУ Е ДОВОЛНО МЕЃУ НИВ.
ДОВОЛНО Е ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ТАА НЕ ГИ КРИЕШЕ ВЕДРИНАТА, ВЕСЕЛОСТА И СПОКОЈСТВОТО КОГА БЕА ЗАЕДНО, А НЕМИРОТ И ТАГАТА ДОДЕКА НЕ БЕА. НЕ ГИ КРИЕШЕ НИ КОГА БЕА СО НЕЈЗИНИ ИЛИ НЕГОВИ БЛИСКИ. ПРИТОА, ВООПШТО НЕ Ѝ БЕА ВАЖНИ НЕГОВИОТ ЛИК И НЕГОВАТА СТАВА, ТУКУ НЕГОВОТО ОДНЕСУВАЊЕ СПРЕМА ДРЕБНАВОСТИТЕ КОИ ЗА НЕА БЕА ИЗРАЗ НА НЕЈЗИНИОТ СЛОБОДЕН, ОБИЧЕН И СЕКОЈДНЕВЕН ЖИВОТ.
ДОВОЛНО И НЕДОВОЛНО Е ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ОД НЕОДАМНА НЕ СЕ ЗАЕДНО И СĖ ПОВЕЌЕ СЕ ОДДАЛЕЧУВААТ ЕДЕН ОД ДРУГ. ПОРАЗИТЕЛНО ЗА ОБАЈЦАТА? ЗА НЕГО ДА, НО ЗА НЕА НЕ ЗНАЕ. И ЗА НЕА ДА, НО ЗА НЕГО НЕ ЗНАЕ.
ОН Е ОСАМЕН НА ВИСОКА ПЛАНИНА, А ОНА ОСАМЕНА КРАЈ КАМЕНИТ ПРЕСУШЕН ИЗВОР.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 33