СТОИ НА ПРАГ НА СТАРА ПОРТА ЗАКЛУЧЕНА СО ГОЛЕМ `РЃОСАН КАТИНАР. И ОН И ОНА ВО ДЛАБОК МОЛК, ЗАГЛЕДАНИ ЕДЕН ВО ДРУГ, КАКО ДА НЕ СЕ РЕШАВААТ КОЈ ПРВ ДА ПРОГОВОРИ.
ПОРТАТА Е ГОЛЕМА, НАПРАВЕНА ОД ИСПРАВЕНИ, ПОПРЕЧНИ И ПОДОЛГИ И ПОКРАТКИ ТРУПЦИ, А ПРАЗНИНИТЕ МЕЃУ НИВ СО ШТИЦИ ЗАКОВАНИ СО ДЕБЕЛИ ШАЈКИ. НЕКОИ НЕ ИЗДРЖАЛЕ НА НЕВРЕМЕ, ПА СЕ РАСЦЕПИЛЕ, СЕ ИСКРИВИЛЕ, ОВДЕ-ОНДЕ ИЗГНИЛЕ.
ВИДНО Е ОТИ ОН СОБРАЛ МНОГУ ГОДИНИ ВО ЖИВОТОТ. А НИВНАТА ТЕЖИНА МУ ЈА СВИТКАЛА СНАГАТА. КОГА НЕКОМУ БИ МУ ДОЗВОЛИЛ ДА ГО ПОГЛЕДНЕ ВО ОЧИ, СЕКАКО БИ ЈА ЗАБЕЛЕЖАЛ ТАГАТА ВО НИВ. МОЖЕБИ И СОЛЗИТЕ ВО НИВНИТЕ ЗЕНИЦИ, ПРЕД ИСТЕКУВАЊЕ.
ГЛЕТКАТА Е ПОРАЗИТЕЛНА:
ОН НА ПРАГ НА СТАРА ПОРТА, ПОРТАТА ЗАКЛУЧЕНА СО ГОЛЕМ `РЃОСАН КАТИНАР, А ЗАД НЕА КУП МАЛИ И ГОЛЕМИ КАМЕЊА, ГОЛИ ГРЕДИ И ИСПОКРШЕНИ ЌЕРАМИДИ. ОЧЕВИДНО ОД РАСТУРЕНА, РАСПАДНАТА, РАЗУРНАТА САМОТНА КУЌА.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 27