Куќа и прозорец

Потребно време за читање: < 1 минута

КУЌАТА ИМАШЕ САМО ЕДЕН ПРОЗОРЕЦ КОЈ НИКОГАШ НЕ БЕШЕ ПРОЗОРЕЦ. ИСТО КАКО ШТО КУЌАТА НИКОГАШ НЕ БЕШЕ КУЌА. КАКО ТОА? ПА ШТО БЕА ТОЈ И ТАА?

СЕ ЗНАЕ КАКО:

ПРОЗОРЕЦОТ НЕ БЕШЕ ПРОЗОРЕЦ ЗАШТО СЕКОГАШ БЕШЕ ОТВОРЕН, А КУЌАТА НЕ БЕШЕ КУЌА ОТКОГА ПОЧНА ДА СЕ УРИВА САМА ОД СЕБЕ, И ТОА ОД ТЕМЕЛОТ ДО ПОКРИВОТ, РАЗБОЛЕНА НЕИЗЛЕЧИВО. ДЕКА ДО СМРТ НЕМА НИКОЈ ЖИВ НИТУ ДА ВЛЕЗЕ ВО НЕА, НИТУ ОД НЕА ДА ИЗЛЕЗЕ.

ТОЈ БЕШЕ БЕЗ ДРВЕН КАПАК, СО ЖЕЛЕЗНА РЕШЕТКА И БЕЗ СТАКЛО, А ТАА НАПРАВЕНА БЕЗ ОГНИШТЕ СРЕДЕ.

ОСТАНА ЗАБЕЛЕЖАНО:

НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НИКОГАШ НЕ ПРОДРЕ СОНЧЕВ ЗРАК, БИДЕЈЌИ БЕШЕ НА СЕВЕРНИОТ ЅИД. КАКО ДА БЕШЕ НАПРАВЕН ЗА ДА ВЛЕГУВААТ И ИЗЛЕГУВААТ САМО ВЕТРИШТА ВО РАМКА.

ОСТАНА ЗАПАМЕТЕНО:

САМО ЕДНАШ НА ЕДЕН НАМЕРНИК НА МИНУВАЊЕ МУ СЕ ПРИСТОРИ ДЕКА НА ПРОЗОРЕЦОТ ЗДОГЛЕДА УБАВИЦА СО ПЛАЧНО ЛИЦЕ. КАКО НАСЛИКАНА ВО РАМКА.

ОСТАНА ЗАБЕЛЕЖАНО:

КУЌАТА СИТЕ ЈА ЗНАЕЈА КАКО ПРАЗНА, МРАЧНА И МРАЗНА, ЗАРОБЕНА ВО ТИШИНА.

ОСТАНА ЗАПАМЕТЕНО:

КУЌАТА СЕ УРНА САМА ОД СЕБЕ ВО МИГ НА ЕДНО РАНО УТРО, ПРЕД ИЗГРЕЈСОНЦЕ. ВО ВРЕМЕ НА СЕПРИСУТНА СМРТ.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 34