НЕМА ШТО ДА СЕ РАСКАЖЕ ЗА НИВ ЗАЕДНО, НИТУ ЗА НЕГО И ЗА НЕА НЕШТО ПОСЕБНО. ЗНАЧИ, НЕМА НИШТО ИНТЕРЕСНО ШТО БИ ПРЕДИЗВИКАЛО НЕЧИЈ ИНТЕРЕС. НА ПРИМЕР ПИСАТЕЛ ДА НАПИШЕ РОМАН ЗА НИВНА ЉУБОВ ИЛИ, НА ПРИМЕР, ЗА НИВЕН НЕОБИЧЕН ЖИВОТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАПАМЕТИ. ВСУШНОСТ, ТИЕ ВООПШТО НЕ СЕ ПОЗНАВААТ МЕЃУСЕБНО.
НИВНИТЕ КУЌИ ГИ ДЕЛИ УЛИЦА СО ТРОТОАРИ И НА НИВ ОБЕЛЕЖАНИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ СО НЕПРЕКИНАТИ БЕЛИ ЛИНИИ. МЕЃУ ТРОТОАРИТЕ И УЛИЦАТА ДРВОРЕДИ И ТРЕВНИ ПОВРШИНИ. ТАА ПРЕД СВОЈАТА КУЌА ИМА ЗАСАДЕНО И РЕД БЕЛИ, ЦРВЕНИ И ЖОЛТИ ТРНЛИВИ РОЗИ, КАКО ЖИВА ОГРАДА.
ДВАЈЦАТА НЕ ЖИВЕАТ САМИ. ДВАЈЦАТА ИМААТ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ-КУЧИЊА. ТОЈ БИГЛ, А ТАА БИШОН.
УЛИЦАТА Е ВООБИЧАЕНО ПРАЗНА.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 11