Народски изреки VI, 297-450

Потребно време за читање: 6 минути

297. Во небрано си, та крајно време ти је да си го собериш умо.

298. Ако не знајш шо денес, како да знајш шо утре?

299. Не можиш против народо, ама можиш против негојте предводници.

300. Удираш, па после чекаш шо ќе биди.

301. Молчи дур` не те прашаат, чим играш на туѓа свирка.

302. Ти се враќа дупло оти не си презел ништо кога требало.

303. Не знајш али си заборајл шо сум праел? Зато измислуаш топла вода.

304. Денеска бетер, утре дамбетер.

305. Скоро бестрага!

306. Љубовта нема врска со можење и неможење.

307. И јакио слабеј против слабио.

308. Нејќам ни на сон да им ги видам суратите на нечоечните.

309. Ни го гледај ни го слушај, чим ти оди на нерви.

310. Простак и тапоумен се умислил оти је политичар. Па згора собрал исти ко него да им биди на чело.

311. Им се брза оти им гори под нозете.

312. Политикантските арамии крадат и кога веќе нема шо да се украде од народо. Тогај се крадат меѓусебно.

313. Ако не ви дошло сè преку глаа од ними, пак да си ги изберите.

314. Веќе не викаат фатете го крадецо, ами нема кој не краде на ситно али на крупно.

315. Каде ли се сокрија срамо и чесноста?!

316. Покажуа заби расипани!

317. Шо оти имаш кога ништо нема.

318. Молчам љубов со која од дамнина не сум.

319. Природата ѝ ја дарила личотијата.

320. Не го мислете мојто постоење. Ко шо не го мислам ја.

321. Од насилна грдотија убајна не бидуа.

322. Ја си мислам и си пишам. Толку. Нема друго. Ни зошто зато ни за шо за то.

323. Саде пишано и кажано од мене за паметење.

324. Да не дозволиш да те вовлечат политикантски арамии во политиката.

325. Не бидуа држава со денешни од вчера на чело.

326. Глеј си своја работа и не мешај се во туѓа.

327. Чинело не чинело-то ти је.

328. Прле трча пред магаре за да им докажи на друзите магариња оти је поголемо магаре од ними.

329. Докажаното знајње кое никоаш не је доста, никој не можи да ти го одземи.

330. Прва и последна љубов не се за забораање.

331. Познаам мнозина кои нито ми значеле, нито ми значат нешто.

332. Ти не си за утре, ако ништо денес не ти је инакво од вчера.

333. Не бидуа ништо сè дур` сите ги бидуа за сè.

334. Ти можиш оти си млад, а ја сум стар и можам појќе од тебе!

335. -Кај си, либе?
-Сегде со тебе.

336. Денес не је исто ко вчера, а и ти не си истио.

337. Не се занесуј во кривина. Ќе напрајш беља.

338. Биди пресметлив, ама не се пресметуј.

339. Исто се војва ко некоаш, само шо сега со нови оружја за неважен број невини лујѓе.

340. Оти да не, ако се можи дур` се можи?

341. Ме паметиш ко некоаш, па зато сега не можиш да ме припознајш.

342. Не запињај ако не ти оди ко шо сакаш ти.

343. Старејш во својто време. Не во времето на друг и со друзи.

344. Секоаш доследно и достојно. Шо и да је пред и по.

345. Ништо од нас сè дур` не сме на исто.

346. Ја излези да се видиме бар за последен пат.

347. Важно је да се бориш и кога губиш и кога добиваш.

348. Ти го испила чавка мозоко, па гракаш ли гракаш.

349. Се забрзуа опстаноко на чоеко, не неговио живот.

350. Шо сум мислел-сум рекол, шо мислам-кажуам.

351. Задоволство од доволност-спокој и ведрост.

352. Се срамат од својто минато, па крадат туѓо. Најпрвин соседско.

353. На многу мрачни и болни нешта нејќам да се сеќаам.

354. Во голем затворен круг појќе мали затворени.

355. Немој да покажуаш со прсто. Ќе се најди некој шо ќе ти го скрши.

356. Со стамен чекор по каков било пат.

357. Се случуа да се подизгуби од умо чоек кој секоаш ја припознаа личотијата.

358. Здравје во природа, од неа и со неа.

359. Крупни риби не пливаат во плитка матна вода.

360. Ако не ти је познато, значи не знајш.

361. Ми се чини оти некои јали не знаат јали не разбираат оти со Устав се суредуа држава. Не општество.

362. Мисли за после да не му ја мислиш.

363. Шо да прај чоек кому чергата му је покуса од нозете, а нема шанца да ја доткај?!

364. При секое твое промислуање на она шо се случуа во свето, имај го на ум негоото прекројуање во тек.

365. Кој шо сака нека збори за тебе. Ти терај си по своему.

366. Не забораај оти ништо не ти треба по умирачка.

367. Ништо по стаање точка на сè.

368. Добро де, ти не ме сакаш, а ја те сакам саде тебе.

369. Избега зајко со полни дисаѓи азно од народо украдено. И никој не му можи ништо ни со стап ни со морков.

370. Со глупав бизнисмен и политичар никоаш да си немаш никаква работа.

371. Со будалетинки немам гајле. Имам со будалишта на власт.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ЗЛОТО

372. Најбрго победуаш зло со добро.

373. Ко ќе ти дојди злото, само нема да си отиди.

374. Ништо не прајш со зло за зло.

375. Те обзело злото откога го испади доброто во тебе.

376. Му прајш зло другему, праејќи си на себеси.

377. Не је мака ако имаш пари. Мака је ако прајш зло со ними.

378. Не се довардуа род во кое навалило зло.

379. При лутина најлесно се сторуа зло.

380. Сотри го злото во себе дур` не излегло од тебе.

381. Пред зло, во зло и по зло нема добро.

382. Ниедно зло нема крај.

383. И до каде со враќајње зло за зло? До нигде.

384. Зло ти мисли, зло ти прај.

385. Стрвни ѕверки саде зло за чоек.

386. Секоаш има позло од зло. Поготово кога доброто отишло џенем.

387. Од едно зло сѐ поблизу до друго.

388. Лута змија се брани со злостори.

389. Зломисла и злодело навалуаат на лујѓе за тргање големи маки.

390. Злото има скрвавени очи.

391. Зло шо остаа смрт зад себе мора да умри шо поскоро.

392. Не му можи никое зло на чоек од народо и за народо.

393. Злото се препраа во добро за да допрај зло.

394. Излези од едно зло дур` не си напрајл друго.

395. Злото е пред тебе оти во тебе је доброто.

396. Се каеш за сторено зло? Добро, почни да прајш саде добро.

397. Страв од туѓо зло, смелост со свое добро.

398. За зло казна, за добро добрина.

399. Доброто се забораа, а злото никоаш.

400. Злото жежи злосторен ко коприва.

401. Не можиш да напрајш добро дур` прајш али откога ќе напрајш зло.

402. Посеано зло на пустошна земја најбрго никнуа.

403. Злото брго иди кога избираш од две зла помало.

404. Се ништи зло за да не се стори ново.

405. Нема добро од оној шо мисли оти знај сѐ.

406. Зло со тебе чим влези во тебе.

407. Кога ќе завладее зло, нема последно.

408. Кога ли почна зловремево?

409. Нема никаков знак на предупредуање али опасност на пато на злото.

410. Во чоеко добро против зло.

411. Злосторен дух против чоештина во чоек.

412. Со зло против добро? Безочно и срамно.

413. Интересо је појак од сакајњето? Бездруго.

414. Секоаш за себе појќе, одошто за друзи.

415. Соседско куче те лае оти те пизми и за да те нема.

416. Не влегуј во блудничка кујќа во која ни блудници ни чаршај не се менуаат.

417. Не је добар сосед оној шо го бара твојто, а не го гледа својто.

418. Бесрамие владеј со него и прај бесрамници од оние шо го поднесуаат.

419. Веќе не је за трпење и залажуање. Остај ги нек` се дават во својо простаклак.

420. Мисли сега му је мајката, па запнал да ја дотера водата на своја воденица.

421. Ем лажат ем крадат ем немаат лице.

422. За мене си иста ко во времето кога бевме љубов. И иста ќе ми бидиш дур` сум жив.

423. Дунстер ви ја води државата и ви ја резили пред свето.

424. Чекаш да ти поможат со наредуање?!

425. Џабе је и да го пцуеш. Дунстер је дунстер.

426. За пари и оглавници ќе си стајш.

427. Да ти се плукнам на живото шо го живејш со туѓи пари.

428. Грешиш оти не си ги попрааш сторените грешки.

429. Секоаш ни помалце ни појќе. Може и помалце од појќе, а појќе од помалце не ти треба.

430. Чесни и нечесни никоаш во оро заедно. Ќе го грешат орото.

431. Со стамен чекор оди напред нескршлив.

432. Стар бел дедо љуби исто ко шо љубел кога бил млад.

433. Залудно не збори кога нема кој ни да те слуша ни да те послуша.

434. Од вас за никому ништо, тапоумни!

435. Оние шо расипуаат се израсипани.

436. Жално је шо нема чоек мудар и јак шо ќе грмни целио свет да го чуе: „Доста беше!“.

437. На раб на бездна сме, а се прајме наудрени. Ко на него да се друзи.

438. Си играат политика празноглавци и шутраци.

439. Само да не дојдиме до готови сме и залудно је сè.

440. Се бори во живото секој како знај и умеј.

441. Тука сум колку и да сум далеку.

442. Божем нешто прајш, а ништо асолно од тебе напраено.

443. Како можиме да си припаѓаме еден на друг без љубов!?

444. Идиоти се фалат меѓусебно и си ракоплескаат едни на друзи.

445. Некоаш ме имало негде, ама веќе одамна ме нема нигде.

446. Знајњето чини пари, ама незнајњето чини и многу пари и друго.

447. Заеби политика со лигавење.

448. Ако му коленичиш, ќе те гази!

449. Нешто со предводнико не је ко шо треба.

450. Да си го бериме гајлето оти ним ич не им је гајле за нас.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VI