511. Од стар бел дедо појќе не чекајте ништо. И најмалу од него је многу, можи и најмногу.
512. Се умислил без бар малу да се замисли.
513. Шо је на умирање, ќе заживеј ако се препороди. То важи и за скоро мртва политикантска и апашка партија.
514. Искренио је наивен ем будала? Је сал за лажговци и итромани.
515. Ај со нас за да не останиш зад нас.
516. Кој љуби глава не губи, ама срцето можи да му слабеј.
517. Му се клањате на предводнико ко да је најголем ем најпаметен.
518. Оние малцина на кои им се можи сè, на мнозина им можат баш сè.
519. Криво шо не се испраа треба да се остај да биди криво сал за себе.
520. Слушај умна и опитна старост.
521. Прај од позиција да биди брго напраено и за ништо не ја есапи опозицијата.
522. Добро да ни биди со тебе, а за и тебе да те биди.
523. Ќе си го тераат апашиштвото и измеќарлако сè дур` мрачнината не ги изеј.
524. Секој чесен млад али стар сака со свој труд и своја мака да стекни свое.
525. За секирација:
Сè појќе лујѓе меѓу нас без права љубов.
526. Немој со секој за сешто. Има и кои праат сè за да станиш никој и ништо.
527. -Пишеш за да ти се чита?
-Не бе, за да биди пишано.
528. Знајте некој кому му се одмилела власта?
529. Власта кради од народо? Ами од кого друг?!
530. Ти да се добериш до власт, па после нека биди шо ќе биди. Прајш пари саде ако си во неа али со неа.
531. Заошто да се жртвуаш, ако не ти се исплати?
532. Шо беше то морал? Ич не ми текнуа! Да не је то врзано за чесност, доблест, чистота, искреност и доброта?
533. Одљубувањето по време никоаш не је од шо је љубовта далеку од срцето.
534. Ми се јави еден шо не го познаам и ме праша дали сум уште жив! Ја го прашав кого бара.
535. Јади леб и сол, а се смеј ко луд на брашно!
536. Изроди предавнички појаки од народ во трпеж-крпеж?!
537. Врие, клокоти, дими, ко да је пред избувнуање огон опожаруачки.
538. Сечи бре! Инаку ќе те сосечат!
539. Лицемери се накотиле шо ќе треба време ем сила, а пред друго сè умност на штрек за да се сотрат.
540. Не играј на туѓа свирка оти свирката не је за играјње.
541. Поможи си на себеси за да не станиш беспомошен.
542. Болна љубов боледуа од љубов.
543. Во борба за опстанок се гини јуначки.
544. Пред неминовен пораз бара спас страшливец кому живото му је помил од сè друго.
545. Дошол во град ко да слегол од планина.
546. Има меѓу нас вакви, онакви, ама многу појќе има никакви пред нас и зад нас.
547. Чекор со кренато чело до последен.
548. За замислуање је шо сè помалу и сè поретко збориме меѓусебно.
549. Со добра мисла да сме заедно.
550. Нема да сме ја и ти дур` сме живи.
551. Сегде околу нас јадосани лујѓе со жални лица.
552. Некоаш је најпрвин да знајш до кога.
553. Низ шо сè минуа чоек во живото-то не се докажуа со зборој.
554. Затворен во себеси сам не можи да се отвори.
555. Цел живот беден на чесно срце и чиста душа.
556. Не си успеал оти ти стаале сопки при секој чекор.
557. Ќе успејш ако се надминиш себеси.
558. Поарно да не се барате ако је сè изгубено меѓу вас.
559. Не чини кога народо има малу за радуање, а многу за секирација и тагуање.
560. Гола политика на заробени умој.
561. Зошо ти је власт ако не је за да прајш добри нешта за народо?! Власта не је за ти да се богатиш, а народо да трга маки.
562. Банките лихварски го пљачкаат народо, а власта не се ни занишуа.
563. Ја ви велам вака, а вие никако.
564. Немам ништо со тебе оти не ти веруам.
565. Ако се бориме, ќе се избориме.
566. Нема шо да бара умен во безумие.
567. Претаат и се пењават политиканти во апашка партија.
568. Има големо срце сал за права љубов.
569. Ма ич не ми је гајле за оној кому не му требам.
570. Не ти игра то, а ти то па то!
571. Имашен знај за трајна вредност и ја плаќа најскапо.
572. Нема поголеми апашишта од партиско-политикантските.
573. Можи да се исплати изродничкио измеќарлак, ама со ништо ни се пери ни се чисти.
574. Никој ко мене не можи за мене.
575. Испокраденото од народо крадач не враќа. Мора најпрвин то да му се одземи.
576. Расипани лујѓе сè добро и убоо расипуаат, а ништо добро и убоо не им паѓа на памет да напраат.
577. Ќути љубов од љубов заќутена.
578. Брго ќе дојдат да те соберат оти твојте не успеале совреме да те сокријат.
579. Чист и чесен не влегуа во матни води оти не им се дава на мативодите.
580. Доста со вас и со вас и со вас. Ај со оние шо не се со никој.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ЌЕФОТ
581. Сиромајо никако да му напрај ќеф на богатио.
582. На сиромајо сиромашијата низ нос му излегуа кога во неа ништо не му прај ќеф.
583. Богатио си прај ќефој до кога му успева да си го доварди богаството.
584. Нито имало, ниту има ќеф меѓу чорбаџија и сиромав.
585. За еден мој ќеф макар само еден твој.
586. Не си прајме ќефој на душите дури ни се празни меојте.
587. За малу ќеф не се арчат многу пари.
588. Напрај им ќеф на деца за да ти потрај радуањето.
589. Без ќеф не се седи на едно, а камо ли на две столчиња.
590. На богата терпеза сѐ со ќеф варено, печено, пржено, парено и сушено.
591. Без ќеф земја не се ора.
592. Одев бос низ свето за да најдам некој ќеф, а си најдов парталав сопатник.
593. Мудар ќе ти речи дека секој ќеф мини кога се бараат саде ќефој.
594. Да не те лажи ќефо во богаство. Во сиромашија он можи да биди и поголем.
595. Дал` ти је ќефо голем од големо али од мало?
596. Сѐ имаш, а ништо немаш кога имањето је без макар малу ќеф.
597. Ќефо је најголем кога ти је сѐ достатно.
598. Пресечено дрво продолжуа да живеј ако не му исуши корењето.
599. Разбираат, ама се праат наудрени оти за то се платени.
600. На лице му се гледа оти је туѓински измеќар.
601. Тргна карвано натоарен со украдено азно од народо, па кучињата престанаа да лаат.
602. Во маглиште заскитале лујѓе без свои сенки.
603. Сум ти значел нешто, ама одамна ништо? Жив да не сум!
604. Секоаш најсетне се најдуа чоек шо ќе предводи доблесен народ.
605. Не вреди шо вредиш кога живото речиси за ништо не ти вреди.
606. Можи и после мене со мене? Не знам, ама мора без мене.
607. Вистината излегуа на виделина прекуноќ или во рани зори.
608. Заробен ум нема чисти раце.
609. Сè шо се движи совреме се менуа. Сè шо стои во место не опстануа.
610. Ако је сè гнило, ја чисти сè ја гнилежо и тебе ќе те опфати.
611. Тешко нам дека сме на крстосница, а не знајме кој пат да фатиме.
612. Никој не забораа непорочна љубов.
613. Голема работа је да си знајш за шо и колку те бидуа.
614. Ко млади бевме сегде заедно, а ко стари ептен се заборајвме. Не знајме ни кои се умрени, а кои се уште живи.
615. Шо би праеле кога би се виделе по многу годиње? Можи да ни биди доста само да се глеаме.
616. Не се бори за власт оној шо је спремен да се бори за народо.
617. Секако ќе нè биди, ама како, какви и со кого?
618. Голем је, а толку обичен чоек шо да нема од него пообичен.
619. Треба денум-ноќум да се докажуаш ко чоек наместо.
620. Ти не си за големи нешта во живото, штом не знајш да се радуаш на мали.
621. Не ти се јавуам за да не те беспокојам.
622. Олабај се, и утрешо иди за тебе.
623. Никој не се сетуа на мене? А зар треба?!
624. Не се тркај со времето. Брго ќе снеможиш.
625. Ненародни и однародени на власт многу кријат од народо.
626. Кога согледуаш оти сè се повторуа, ништо не те изненадуа.
627. Кој не сака со нас и ние не сакаме со него.
628. За да читаш меѓу редој, треба да знајш да читаш.
629. Како да ти речам од мене недоречено?
630. За да бидиш успешен во бизнисо, првин треба да научиш да ризикуаш.
631. Се мислам шо можи да биди утре според шо је денес.
632. Не треба никој да ми се лути шо не му идам на никој.
633. Со љубов је сè полесно.
634. Не знам од кај се познааме, ама ми је мило ем драго.
635. Речи па стори и стори па речи, а за да биди речено-сторено.
НАРОДСКИ ИЗРЕКИ V