1. Една љубов живеј во тебе дур` си жив.
2. Држи си своја страна и варди ги во истовреме оние шо одат зад тебе и ти идат отспроти.
3. Не пресече од шо се плашиш? Е, сега се плашиш ем ќе се плашиш да не почнат да те сечат дур ` су кај шо си.
4. Би шо би, ама сега не је време за да биди допрва.
5. Ја не сум крив шо ти не си ни чул ни прочитал ништо од она шо ја совреме сум го кажал али пишал.
6. Жив не си оти живото минал крај тебе, а ти уште го живуркаш.
7. Ме нема нигде? Зар не је доста шо ме има сегде со мисла и дело?
8. Никој нејќи да бил, а да не биди. Ама то не зависи од никого.
9. Љубови многу, а саде една таена дур` је живот.
10. Секому му посакуам секое добро. И на оној шо мене не ми посакал ни најмало. То збори за негоото недотојание.
11. Доста ми се малкутемина кои се секоаш со мене. Макар само во мисла.
12. За арно на сите нека биди шо не било поарно.
13. Ко ќе биди, нека биди ко шо треба да биди. Не колку да биди.
14. Шо можиш да сториш ти за мене? Секако можиш нешто за пристојна и достојна старост.
15. Никоаш да не заборајш да бидиш начисто со себеси.
16. Секако ќе се случи то шо ќе се случи. Шо? Размисли и ќе разбериш.
17. Ако досега не разбра кој сум, шо сум и шо остаам зад себе, остани си така.
18. Кога ќе узнајме шо сè надвладуа и наджиквуа љубовта, јасно ни је оти је таа неугаслива.
19. Живото ти је живот дур` гори огон во твојто домашно огниште.
20. Не мрази го оној шо не го поднесуаш.
21. Не го огрдуај она шо је убоо во тебе.
22. Не ми давај ако не је од срце.
23. Ме потчукнуате по рамо али се прајте ко да не ме познаате. Друго и не знајте.
24. И шо бидна после нас? После нас бидна шо бидна.
25. Дамна бевме заедно, а исто ко да не бевме.
26. Рани куче шо лае по ненаситни богатници.
27. Народецо непара слуша кој многу збори.
28. Стгори гајрет да останам шо сум дур` ме има.
29. Секоаш работам до колку шо можам крајно.
30. Не је исто да се смејш сосила и кога ти се смеј. Смејањето сосила не је од шо ти се смеј.
31. Нема чоек без гајле, ко шо нема таков кој ништо не зема при срце.
32. Чоек не можи без чоек дур` је чоек.
33. Доблесен је за најголема почит.
34. Нејќам ништо од љубов без која не можам.
35. Не је добро да падниш, а да не си научил навремено да станиш.
36. Ти можиш сам, а можи и он со тебе. Ама је друго заедно.
37. Правио политичар је секоаш за народо и со него.
38. Граѓанино је сегде граѓанин. Народо је народ саде во своја земја.
39. Неарни во умо избрале неарен во умо да им го соли умо.
40. Неписмен нема свои зборој со кои кажуа шо мисли и како мисли.
41. Глупио је најитар ко политикант.
42. Не можам да ти се изнагледам на личбата. Од шо безмерно те љубам.
43. Највелик је чоек шо создал сè за други, а ништо за себе.
44. Од мене сè шо можам, од вас баш ништо.
45. Ни ја со вас ни вие за мене.
46. Едно исто во многу зато шо не било доста.
47. Во држава шо не је то, општеството је болно.
48. Безимен во неврат ко да не бил жив.
49. Жалам шо имам сè помалу време за ново почнуање.
50. Не је добро од мене? Добро, тогај ај од тебе.
51. Поарно да не се узнај шо сè издржал прав и достоен чоек. Можи некој да се најди виновен али да ја префрли својта вина на друг.
52. Со урнисани вредности не можи да се влези и опстани во нов свет.
53. Кога је невреме лесно је за малцина, а тешко за мнозина.
54. Да успејш во живото, то значи да ти је доволно, радосно и спокојно во него.
55. Не паѓаш дур` си на свое.
56. Никој нема да ти го покажи твојо прав пат. Ни ближни. Мораш сам да го избериш и да го фатиш.
57. Човек је млад сè дур` је духом млад, зрел на зрела возраст, а стар со снеможена снага.
58. Мислам дека стара љубов се мисли најмногу по многу години.
59. Староста сè појќе одзема, а сè помалце додава од сè шо је за помин.
60. Кој је жив, нека биди жив дур` је жив.
61. Не можи да се споредуаат различности.
62. За создател секој ден је нов и ко секој пред него.
63. Не стареј до смрт чоек кој животвори.
64. Ја сум сегде кај шо има лујѓе кои ми се блиски.
65. Ние нашето си го прајме. А оти вие не го прајте вашето?
66. Ти можиш без нас, а ние не можиме со тебе!
67. Шо не било, па да не биди? Има да биди за да ни биди.
68. На стар бел дедо му иди да скокни од радост за ништо.
69. Возвраќај љубов за да биди љубов.
70. И во зловреме да не заборааш на добриње.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ЖИВОТОТ
71. Соно је пред раѓање, наспоредно со живото и во истовреме со умирачката.
72. И едно зрно пченица дава живот.
73. Шо прајте, лујѓе, со чеснио живот?
74. Сѐ треба да се остај да живеј.
75. И живот со горчила треба да се одживеј.
76. Без ука нема живот.
77. Ако знајш да живејш денес, ќе живејш и утре.
78. Ништо безимено не живеј.
79. Долг ти је живото колку и да ти се куси годињето, ако живејш во свој дом, во него не живејш сам и те крепи љубов.
80. Во живото и зборењето и молчењето мора да бидат со мера.
81. Си го разбрал живото до колку ти преостанал до смртта.
82. Не му се сили на оној шо живеј тешко.
83. Го брзаш живото ко појќе да не ти се живеј.
84. Најтешко је да си го напрајш живото добар.
85. Саде по смрт нема живот.
86. Собирал ум, опит и знаење до смрт за друг живот.
87. Секој ден нов живот ко еден и друг ниеден.
88. Над река мост шо се вика живот за на двата нејни брега.
89. Здравје во живот али здравје од живот.
90. Бродиш по море на живот сосе својо животец.
91. Не се сокрива живот од животи.
92. Прашај си се заошто живејш ако не ти се живеј.
93. Бери ум пред да решиш кој пат да фатиш, а брго по него да не се вратиш.
94. Најтешко се живеј свој живот меѓу туѓи.
95. Вака не оди, а не знајте како да заоди. Зато си стојте во место и се опирате да не ве помрднат од место.
96. Не одговарате и веднете глави пред оние шо ве наместиле на места за кои не сте.
97. Наместо да се срамите, вие се браните неодбранливо.
98. Бесрамието најмногу прај ништожници.
99. Без ронка срам се браниш од недоверба на народо!
100. Шо му вреди на излажанио вистината предоцна излезена на виделина?!
101. Не се јавуаш, љубов, а знам оти ме мислиш.
102. Колку је чоек постар, толку му се поеднакви радоста и жалоста, сомнежот и надежта.
103. Не можи да враќа доверба на народо оној шо ја изневерил. То го знај секој, ама некои се праат наудрени.
104. Зла крв обезумуа неук чоек.
105. Краденото азно од народо кога-тогај донесуа бедотија. Зато шо нигде не можи да се сокрие.
106. Ве кладоја на положба за да ги браните, та сега морате за ними да изгините посрамотени.
107. Прво суреди го домо свој, сетне исчисти пред твојо праг, а најсетне стај ред во средината и околината.
108. Нека биди по твое твоето, а ние ќе си го тераме нашето.
109. Ако је саде за виѓавање, поарно да не се видиме.
110. Сакам да зборам за љубов шо ја има.
111. Не се помируам со то дека не сме заедно засекоаш.
112. Деној и ноќи во самотија до неизлечиво разболуање.
113. Имам уште да кажуам до мое последно премолчуање.
114. Секој чоек на крајо си го фаќа својо пат кон неврат.
115. Држава и општество не се праат со голтари, политикантски апашишта, шака бедни богатници и изроди.
116. Умни и учени лујѓе на чело, а не неписмени, простаци и неарни во умо.
117. Ќотек народецу, саде ќотек!
Макар шо веќе не сум баш сигурен оти и со ќотек можи да им влези ум во глајте.
118. Ај партии најпрвин на виделина! Најпрвин да видиме колку членој имате на број.
119. Да си знајте! Ако се крени народо, има да горите до пеплосуање. А распален гнев народен нема ни очи ни уши.
120. Народецу мој,
Варди се пак да не те заведат бојосани неранимајковци, апашишта и изроди!
121. Ако си власт народна, тогај почни да го сотираш плевело мафијашки сосе корен. И ич око да не ти трепнуа!
122. Ја ќе нè биди, ја нема да нè биди на чело со вас.
123. Жалам оти било шо било меѓу нас и оти појќе не можи да биди, убост моја.
124. Секакви апашишта предводени од политиканти и парајлии: ѕидари, лекари, пекари, аптекари, сметкаџии, кадии…
125. Да им викниме на бојосаните платенички бандити:
Само мрднете, па ќе видите шо ќе ве снајди, гојда ниедни!
126. Не можи правдата на виделина дури неуки кадии ем ти судат ем те кудат.
127. И шо по? По исто ко шо беше и ко шо је: партиски давајгазовци ќе се тепаат за власт, партиски апашишта ќе го крадат народо дури има уште за крадење, партиски лејки ќе стануаат главатари, партиски богатници ќе вртат валкани алашвериши…Или?
128. Смачено ми је, ама овде немам како инаку. А за шо подаледку одовде не ми се ни годињево.
129. Не ти треба живот шо не је живот.
130. Немој ти на мене сите сме криви. Ја добро знам кој ми је крив и знам како со него. Ама сум немошен.
131. Секој народ заслужуа али не да величи лујѓе умни и со дела.
132. Саде знам оти и по ноќва ќе биди ден. Без мене али со мене.
133. Нема демократија сè дури избираме партии за на власт, а не лујѓе со ум и дела. То владејње по ново се вика партократија.
134. Прво збриши старо и гнило, па после почни ново за живот.
135. Дозволуаш да ти го соли умо властољубна лејка?!
136. Времето ни мини, а ние ништо не прајме за нас.
137. Не можи никој да не је крив кога је криво, а никој не ни пробал да го испрај.
138. Задоцнето против гнилоста и крадачката во државата је веќе предоцна.
139. Е и допрва ќе биди од тешко потешко, ама ножо је под грло.
140. Има уште време за сè прекуноќ? Се плашам не, ама белки има.
141. Плевело шарени серковци и гомнојадци пак фати корен. Да не го бараме Господ на помош, ами совреме да ги искорениме.
142. Добро, не смејме да грешиме на следните избори, ако сакаме да ги сотриме поткупените и апашиштата. А шо прајме дотогај?
143. Сите знајме оти фатената риба од глаата смрди. Ама нејзе ич не ѝ је гајле, си плива слободно во матната.
144. Народо је во жал и болка поради изгорени млади животи, а бојосаните гојда му го распалуаат гнево.
145. Шо сè истрпе и трпиш, народецу мој. Јака ти душа!
146. Шо да им речиме на синојте, ќерките и внуците? Да бегаат шо подалеку одавде али овде да се мачат за пристојно да живеат?
(Да се (до)разбериме! Нагласоко на мојава народска изрека не је во заминуањето-бегањето од земјава (никој то не би им го препорачуал на својте потомци), ниту во остануањето и борбата за подобро (секој го бара то од ними, ама првин од себеси), туку во мачењето за пристојна живеачка. Шо би му препорачале на ваш потомок-школуван, учен, паметен, кој се мачи, се отепуа од чесно работење, а околу него и пред него кој од кој побогат потомок на апашишта, ем неписмен ем без грам мозок?)
147. Наместо да живејме во љубов, ни натурија и нè трујат со омразија.
148. Нема појќе шо и од кого да се чека. Сега али никоаш!
149. Не пишуам за да читаат неписмени!
150. Вредности и дела…Вредности и дела…Вредности и дела…Ништо ни од нас ни со нас, а ни по нас без ними.
151. Ја појќе немам доверба во партија, ами само во знајни, умни, опитни и учени велики лујѓе. А вие како сакате.
152. Мене ми се чини ко да се плашите од ними, па зато уште ги остаате да ни ја сотираат државава.
153. Доста со како! Одма секако против шарените платенички ороспии-најголемио внатрешен непријател на Македонија!
154. Нека не нè биди ако не можиме да ги сотриме мафијашките чауши и лигуши во државава ни.
155. Чеснио лесно се најдува. Со нас је, а наше је да го препознајме и да го измолиме да ни застани на чело.
156. Никако да се ослободиме од џгано шо ни го натурија на власт за да нè испокради до гола кожа.
157. Мора првин да се исчисти сè и да се сотри џгано сегде кај шо је, па после сè одново.
158. Ни треба љубов. Проклети сме без неа.
159. Вондредна состојба? Зар не сме во неа?!
160. Партиски моќни апашишта ни ги умреја градојте и селата. Уште главнио град на државичкава остана да го доумрат.
161. Секој се бори за себе и за друзи како шо знај и умеј. Ако не се бори, готов је.
162. Добар збор је збор наместо и во право време.
163. Остани чоек во најтешко.
164. И од умен и опитен не је сè за ука и поука.
165. Стамен остани надминуајќи сè ем сешто големо ем мало, ем лесно ем тешко, ем криво ем прао.
166. Најтешко је соочувањето со прва смрт на ближен.
167. Тамам работа саде ја да сум прав, а сите друзи да се криви.
168. Убав је секој шо љуби.
169. Успехо је најповрзан со решителноста.
170. Немојте по мене, ако не ви требам.
171. Еве не знам, па да прашам:
Кои се западни и европски вредности?
Има источни, северни, јужни и неевропски?
172. Чоек мора по смрт на ближен да најди сила за живот. Кој можи, нека поможи.
173. Цел живот искачуаш своја планина со своја тежест.
174. Млади јунаци среде смрт спасија животи. Фала им.
175. Жално је кога веќе нема треба и сакаш, ами мораш. Ама је шо је. Само да не запреш докрај.
176. Непребол је, ама мораме сите во него да сме испраени. И да ги поткрепиме оние шо изгубија ближни.
177. Фала за помагањето и споделуањето на болката, а борбата против партиските апашишта мора да биди само наша.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ГРЕВОТ
178. Прајш грев, па сетне бегаш од него.
179. Болештина је голема шо је собрана по многу гревој.
180. Простуањето на греојте је за благодат.
181. Кој дава милостина и грев се простуа.
182. На друг не му преврлај свои греој.
183. Ниеден грев не се простуа со вино и ракија.
184. Исповедај го грео и ќе ти се олесни.
185. Грео и срамо одат рака под рака.
186. Секоја крадба је грев шо најтешко се простуа.
187. И најмало грешење је грев.
188. Слеп при очи не догледуа грев.
189. Во мрачнина се кријат греојте.
190. Напраени греој во веселба и смеа се надминуаат со жалба и плач.
191. Старите греој не можи да се покријат со нови.
192. Не чекај го крајо на грео за да се покаеш.
193. Од мал до голем грев, од мало до големо зло.
194. Не се сокриваат ни грео ни каењето.
195. Казна пред грев, а не грев па казна.
196. Непризнаените греој најлесно се пренесуаат од еден на друг.
197. Грешник спремен на покајание је поголем од светец кој не бил во искушение.
198. Греој едни по други исто ко бездни една по друга.
199. Бесрамнико не престануа да прај греој.
200. Никоаш грешките и греојте не тежат исто. И кога се заедно.
201. Грешник пред мудрец молчи, а не слуша.
202. Не ги правдај својте грешки со грешки на други. Ни ко причина ни ко последица.
203. Мисли на својо грев и кога си сам и кога си со други грешни.
204. Еден грешник кој се кае је поголем од недоброј праведници кои мислат оти нема за шо да се каат.
205. Живото на крстопат:
Али достоен со трајни вредности али дребникав и бесцелен со минливости.
206. Екотен и неугаслив мајчин крик до небеса. За чедо убиено од бесовесен.
207. Ќе успејме на крајо само ако чесноста ни стани најпрва и највредна во живото.
208. Во ова мало парче наша земја ѓаоло дамна ја однел шегата.
209. Така је, некои нешта треба првин да созреат, па да се сменат. Ама шо прајме со оние кои никако да созреат?
210. Не враќање назад и не напред без суредуање на ова шо је.
211. Ако не можиме ние да ги збришиме, треба да сториме сè сами да се збришат.
212. Знајте некој кај нас чесен, а богат со труд и мака? Ја не знам ниеден.
213. Нема ни држава ни општество со големи творци во беда и немаштија.
214. Лујѓе, најстрашно је шо не се сакаме меѓусебно ко лујѓе.
215. Уште малу жива надеж пред безумие, безнадежие и бесмислено живуркање.
216. Не знам вие, ама ја ич не чекам помагање од силнико шо нè обезличи и нè збриша ко исконски народ.
217. Нејќам да бидам во свет во кој убиените се бројки и безимени.
218. Им должиме многу, та премногу на нашите потомства.
219. Со џгано од лесно полесно:
Брго сам ќе се сотри ако не му се дај ни скршена пара ни капка вода ни леб и сол.
220. Нешто страшно за народо се тркала од врвојте на свето. Прашајње је дал` и каков ќе преживеј.
221. По ново:
И натаму партократија али демократија без партии и „невладини“?
222. Колку појќе зависиш од друзи, толку си поголем мрсулко и серко.
223. Не сме паметни шо да прајме со нашите деца? Е, па не сме откога парата нè напрај улај.
224. Прашуам за да си одгоориш:
Ако си член на партија, зошто си?
225. Секој го знај ко чоек, чесен, опитен и умен. Народо го слуша, го чита и го величи. Ама шо оти кога је стар.
226. Ем се престројува ем се прекројува свето. Засега пак меѓу големи и силни, без да се прашаат малите и слабите.
227. Творец-паталец:
На мојте потомци им го оставам во наследство саде мојто дело. Немам ништо друго.
228. Борбата за чесност, одговорност и вредности во живото мора да биди најпрвин лична.
229. Мораме заедно кон наша најголема цел.
230. Парите не вредат ни еден живот.
231. Лица и маски али личности и дела.
232. Мораме прекуноќ да ги извадиме на чистина сите кои си тераат ко досега и ко сите да се под ними.
233. Само пак да не ни се замешаат однадвор.
234. Не сте друго освен гниди, чим ви је гнида на чело.
235. А бре гојдо политикантско, ќе кажиш ли од кај ти се миљоните али народо да ти ја земи мерата?
236. Нема народ шо избира лигуши и туѓински платеници за да страховладеат со него. Има отепан-недотепан кому такви му натураат.
237. Секој со сите во борби за сè шо на живото насушен му дава смисол.
238. Нема друго чаре, освен и со голи раце против секој со празна лејка шо се обогатил крадејќи безумно.
239. Грешка наша-мака неизмерна и болна:
Прифаќајње на туѓи наречивредности на живеачка, а откажуање од нашите вкоренети ем вековити.
240. За да опстаниме мораме не еден, а појќе чекори назад. После умно, опитно и сплотено напред, чекор по чекор.
241. Чоека го боли и за свое и за сечие шо не му је туѓо.
242. Те барам, љубов, и таму кај шо знам оти те нема.
243. Наше достојание во свето само со стојности.
244. Можи времето шо го споделуам со вас и делата шо ги создаам за вас се малу, ама друго веќе немам.
245. Треба да ги величаме доблесните во тешки, мачни и неизвесни опстановки.
246. Се накотиле платенички изроди, шо да нема напредуање ако брго не ги истребиме.
247. Да бидиме будни и будно да пратиме шо праат ем будните ем штотуку разбудените во свето.
248. Досега било како било и је вака. А знајме ли како натаму? И сами али со кого.
249. Најпрвин да научиме како да си го браниме животецо. Сеедно богат али скуден.
250. Малу ти је шо земаш многу, па уште и крадиш.
251. Ја не ти требам? И ако ми требаш?
252. Многу време крај нас мина без нас.
253. Шо и пак да дојди наше време без нас?
254. Од дамнина ме нема без мене.
255. Памти што згреши за друго да не згрешиш.
256. Нигде те нема. Ко во земја да пропадна. Шо ти се случило?
257. Текла река понорница, па излегла на сонце меѓу сенки.
258. Не те разбирам, ама најдлабоко те чувствувам.
259. Две љубови и силно ветриште меѓу нив.
260. Ни фали откога замина.
261. Шо праам со пишаното од мене? Го забораам.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ДОБРИНАТА
262. Меѓу добриње не преживуа лошотилако.
263. Од Бога добрина, од чоек благодарнина.
264. Кој забораа добрина, он не је за неа.
265. Прај добриње и одма забораај ги.
266. На добрина враќај со добрина и добрината стално ќе биди со тебе.
267. Скапа је добрината шо не можи да се возврати.
268. Се прај добрина без да се припознај. А се прај и за да се припознај.
269. Не му треба добрина на оној шо ја нема.
270. Во пијанство и добрина, ама и лошотија.
271. Не можиш со добрини против итроштини.
272. Добриње небројано ил` неизмерно од добар чоек.
273. На добро со добро враќај, ама и на лошо.
274. Злобливио чоек не осетуа добрина, а камо ли совреме да разбери оти нему му је напраена.
275. Зол и добар се разминале препраајќи се оти никоаш не се познаале.
276. Со лошо не поразуаш добар чоек.
277. Ѓаоло шо влегол у чоека не го остаа дури ѓаол не го напрај.
278. Се здружиле итрите и злите за да ги напраат свои слуги мудрите и добрите.
279. Добрината го извишуа чоека до небо.
280. На добра ем блага душа ништо не ѝ можи ни студенина ни суша.
281. Со добар чоек можиш секако.
282. Шо појќе добриње во лошо време.
283. Мислиш оти ќе ја напрајш туѓата добрина своја?
284. На добрината најголема другачка ѝ је чесноста.
285. Можеше да ме имаш убајно, ама ти беше глува ме слепа за богаството на мојто срце и мојта душа.
286. Се прајш оти знајш, а си гола вода.
287. Толкуа расипан чоек, шо не можи ни да се смисли.
288. Нејќам да си трошам време на расправија со тебе, неразбрано чоече.
289. Секој чоек му је некому при срце.
290. Ех, кога би имало уште некое време за нас.
291. Не одам нигде оти доодев.
292. И шо да прајме оти ме имаш на душа?
293. Кога ти барав не ми даде, а сега не ми треба и да сакаш да ми дајш.
294. Секој има нешта кои не се за раздаање.
295. Знајш оти знам нешто шо можи да ја расипи калимерата.
296. Шо било ко да не било ни ќе биди.
297. Не је по твое ко шо треба да биди, ама то је и нема шо да прајш.
298. Сè си је наместо, ама тебе не ти је.
299. Ај почни, па да почниме.
300. Ако ти је зборо збор, не го прекршуај.
301. Не те боли за ништо? То напросто не је можно.
302. Бегај бе, пезевенк низаеден!
303. Си кренал раце од сè? То ич не је убоо од тебе.
304. Чисто ем изрането срце.
305. Се лутите и се карате од шо многу се сакате?!
306. Народо је буден и варди кој тоа пробуа да го разбуди.
307. Мислиш оти си прав, а не си. Мисли се дали си али не си.
308. Ти меѓу собитија и приклученија. До преумора.
309. Во војна итроштини, во мир умности.
310. Сè подалеку од нас.
311. Остај ме ако ти се наметнуам али сум ти досаден.
312. Ако си сам, сакал-нејќел сè је по твое.
313. Ем свое ем за заедно.
314. Знам за себе, а можи и за друзи.
315. Свето се менуа денес за утре, а ти си истио од вчера.
316. Ни за многу пари саде работа-дома, работа-дома, работа-дома…
317. Децата се за убајни и радуање во живото.
318. На сè му иди крајо. До последнио без ново почнуање.
319. Дојдено је време на проверуање која партија је голема, а која мала. За да нема умислуање.
320. Баш ништо не очекуам допрва. Не само поради годињето шо сум ги натоарил на плеќи.
321. Народ во пустелија исто ко да је во беспатје.
322. Маката на силнио, кој прај сè за од него да почнуа, је во то шо она шо постои од него некоаш не постоело.
323. Ај доста лажиш! Види се во огледало дал` си ти токму ти.
324. Мисли пред да кажиш, за кажаното да ти биди наместо.
325. Кое фајде од то шо го работиш за себе и за никој друг?
326. Од секого колку му сечи умо. Ама шо прајме со оној кому ич не му сечи?
327. Не ти прифајќам една политика кога си на власт, а друга кога не си на неа.
328. Се умислил големец, та големството не му дава да согледуа шо му треба на народо.
329. Не им попуштај ако не сакаш да ти се качат на глаа.
330. Љубовта не је цвеќе шо брго овенуа во темница.
331. Ако ти је сал тебе по мера, нема долго да ти је ко шо ти је.
332. Нито је на коњ, нито магариња му слугуаат.
333. Нема ништо од јак за слаб без ќар за јакио.
334. Со ум и разум до кај шо си наумил.
335. Јак је секој шо му се можи да уценуа.
336. Партија со членови-идиоти и водачи-кловнови се бори за власт!
337. Не борба за живот, он је каков шо је, ами борба за опстанок денес и утре.
338. Ни повод ни причина за младешко политикантско дејание.
339. Со неарни во умо играат политика докажани идиоти.
340. А бре учи, не туку се будали!
341. Ако је наше, можи да не биди твое.
342. Зрел си кога си свој и не чекаш од друзи.
343. Ништо не се мени кога на едни не им течи, а на друзи им претекуа.
344. Каде си и шо прајш во ниедно време, убост?
345. Со секого не можиме заедно.
346. Траги на твои валканици од којзнај кога до денес-неизбришливи.
347. Тешко на оние шо ги лечи болен за власт.
348. И ја на протест за вредности чоечки, чесност и достоинство. Ама без предводници-политикантгски мативоди.
349. Барај ни појќе ни помалце од она шо је од арно поарно за сите.
350. Не оти го кријам она шо го молчам.
351. Не издржуа на власт богата власт над беден народ.
352. Во политиката нема ништо полесно од однародуање. Доста је само да не ти је гајле за народо.
353.Не ќе биди и по вас исто ко со оние пред вас. Со вас јали поарно јали уште полошо.
354. Вредноста ќе биди на постаменто кога ќе има здрава критика која најпрвин ќе збришуа сè гнило ем нездраво.
355. Да не се заборај дека шуто и рогато донесоа тапоумен изрод на власт.
356. Ја не сум ние за со вас во заднина.
357. Дал` сум љубел? Да, и љубам ко никоаш
358. Годињево не ми даваат да запрам. Нема да ми дадат пак да почнам.
359. Исто му је на стар бел дедо дал` ќе живеј од него создаеното али ќе умри со него.
360. Го слушам старио бел дедо како им збори на ближни оти шкраба многу од шо си нема друга работа. Се мајтапи.
361. Забораа, па тврди оти за него не постои ништо од него создаено. Али му се предаа на крајо на живото.
362. За секој нов почеток, нова енергија и сила.
363. Се радуам на сечие радуање.
364. Ако си читнал понешто од сè од мене пишано, драго ми је. Ако не, стварно ми је жал.
365. Реши се и ќе си најдиш решение.
366. Кој му мисли добро на секого, со добро во право време стасуа сегде.
367. Не си шо си во исти деној и ноќи.
368. Една љубов ко ниедна друга.
369. Тешко тебе со само вака. Мора шо било да можи и онака.
370. Не знајш шо да прајш оти се случило нешто без тебе.
371. Сè подалеку од кај шо си бил.
372. Од мнозина многу за ништо.
373. Ја знам само еден систем шо му дава смисол на живото: вредноснио.
374. Во мене је оти не треба да биди надвор од мене.
375. Се држиш ко пијан за стап зато шо се страшиш од стапој.
376. Секоаш је тежок пато до виделина шо почнуа во мрачнина.
377. Прај шо ќе прајш, само да биди напраено.
378. Доста ти во место, а свето граби напред. Лесно је да дознајш како и со кого.
379. Само да ми кажиш како си без мене.
380. За сè има оти и со кого, а има многу појќе за никоаш.
381. Постојан чоек секоаш знај шо збори и шо прај.
382. Поарно да не го криеш она шо је очевидно.
383. Најпрвин денес за утре.
384. Мора инаку, ама вака дури може.
385. А бе, шо ти требало да се сретниш со недоветен на чело на партија на умирачка?!
386. Безбројни години далеку еден од друг. Дур` сме живи.
387. Стори шо стори, па сега пробај да попрајш шо можи.
388. И шо по? Па по то.
389. Има да нема дури има.
390. Ако сакаш со мене, ќе биди ко шо ми је мене.
391. Ја би ти рекол прво да престаниш да тресиш зелени оти је време да узрејш.
392. Не ги бива за политика оти се глупај.
393. Ах љубов, љубов без љубов за мене.
394. Шо треба сега да напрајме за однапред? Најпрвин да го опрајме сето она шо не ни чинело ем не ни чини.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА УБАВИНАТА-ЛИЧОТИЈАТА
395. Личотијата је и за младост и за старост.
396. Убајната не можи да биди поубаа одошто је.
397. Личотијата не је за излегуање на пазар.
398. Врти куќа грдотија појќе од убајна.
399. Пред убајна и гладост се забораа.
400. Можи и сосила убајна, ама таа си је убаа саде за себеси.
401. Куќата се загрижуа кога ќе ѝ влези убајна.
402. Она си ја знај убајната и оти не је за криење.
403. Личотијата не је за продаање.
404.Куќа и личоќа се вардат меѓусебно.
405. Убајната се дружи со убајна.
406. Никој не знај да кажи заошто је убајната убаа.
407. Богата личотија не се мери со сирота.
408. Личотија со младос и старост, умност за богаство, здравје во старост.
409. Убајната на телото је во рамновесие со убајната на духо.
410. И грдио за себеси је убав.
411. Туѓа убајна не се прилепуа за своја.
412. Убоо је восхитот од нечија убајна да трај долго.
413. Убајната не је убаа за секој.
414. Убоста и љубовта се милуаат.
415. Секоја убајна со ум и разум.
416. Саде мене си ми убаа, убајно моја.
417. Сѐ убоо да трај колку можи подолго.
418. Поминала убавина крај тебе.
419. Не се грабај за убавина шо оди од еден на друг.
420. Саде за тебе да је лична мома.
421. Ниедна убавина не можи да се порекни.
422. Гледам убавина од мајка родена.
423. Воскликнуа чоек пред гола убајна.
424. Од сите убавини внатрешната је најубава.
425. Поготово големџија не есапам ни пет пари.
426. Некој је некој сал со некој.
427. Било ко шо требало да биди, а сега за мнозина ќе биди незамисливо.
428. Вака некако оти до негде никако.
429. Ми го мати умо оти дозволуаме на власт да ни натураат изродени.
430. Е, како бе саде со љубов и со ништо друго?!
431. Ништо не прајш ако не го обезглајш аждеро мафијашки.
432. -И така.
-Како?!
-И така и така.
433. Веќе ништо и никако лека-полека.
434. Терај како знајш, ама после да не се правдаш оти не си знаел.
435. Веќе не ме засега ништо шо је во врска со мене. Најмалу зато шо сум во залезни години.
436. Со чиста, жива и животворна мисла докрај. Белки.
437. Сè помалу време и на сон со тебе, убост моја.
438. Мојава је голема работа? Богами, ем преуморна ем неизмерна.
439. На будалио не вреди ни да му кажуаш ни да му докажуаш умности. Доста је да не му дозволуаш будалаштини.
440. Допрва неубај работи дури не дофатиме убај.
441. Секој во свој кожурец је за никаде.
442. Ојде времето за шо ќе биди нека биди. Иде време за не мора да биди ако не си за бидуање.
443. Борба сал со непријатели. Со пријатели сал натпревар. Ако се знај то, заошто закрвуање?
444. Белки се свестуаме оти ни на слободнио пазар не се пазаруа слободно.
445. Достатно досега сами? Не је сè дур` је секој сам за себе.
446. Алашверишо никојпат не трај долго.
447. Никој не знај да ти кажи дали пато шо си го фатил је правио. Можи да ти кажи до кај ќе стигниш ако одиш саде по него.
448. Не забораај на напраеното од друзи сè дур` прајш свое. Макар и сал за себе.
449. Последнио чекор да ти је со последна мисла.
450. Ние за нас. Не за друзи.
451. Појќе предупредуам одошто советуам. То ми је од опит.
452. И утре од денес кога је ко шо треба да је денес.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА СРЦЕТО
453. Од Господ на чоек срце широко, срце чоечно.
454. На лице му се гледа колку му је здраво срцето.
455. Срцето му кажуа и му се прикажуа.
456. Од срце песна животворна.
457. Никој нема срце камено, а ни срце ледено.
458. Ми го изразболе срцето.
459. Срцево ми го оцрне.
460. Една убост ми легна на срце.
461. Чоек со чисто срце је да го носиш на раце.
462. Срцето да ти је секоаш полно љубов.
463. Весело и игриво срце го води орото.
464. Срцето је ко книга во која пиши колку ќе живејш. Која малцина ја читаат и разбираат ко шо треба.
465. Имаше чоеко кротко срце и ко такво не издржа.
466. Ведро срце, ведро лице.
467. Срце големо благослоено ем благородно.
468. Итрио го крие срцето во зборојте.
469. На ниедно срце зло никој да не му стори.
470. Силна снага, а слабо срце.
471. И со срце чоек кажуа шо мисли.
472. Сал еден збор шо знај да испокрши срце ни недоброј не го залепуаат.
473. Никоаш не дозволуај срцето да со тебе да господари.
474. Нема младо и старо срце. Секое је али здраво али заболено.
475. Има и такви кои се со срце ко без срце.
476. Срцето пред убост се растреперуа и се разубавуа.
477. Со срце го живеј живото.
478. Кому му гори срцето, нему му немеј устата.
479. Срце наместо и гледа и слуша и мисли.
480. Срцето гледа побистро од очите.
481. Ретки се срцата од сѐ задоволни.
482. Скршеното срце је исто ко неживо.
483. Во очите ти го гледам срцето.
484. Слушни колку ми те сака срцево.
485. Не ми го јадосуај срцето. Можи да ми се насрди.
486. Секое срце си има своја убост ко ниедна на други.
487. Не го остаај срцето таму од кај шо заминуаш.
488. Сиот невин свет во детинско срце.
489. Џабе ќе биди твојто покајание оти на почетоко корено и врво не ги сосече.
490. Нема предоцна? За жалост, имало и има, поготово во длабока старост.
491. А бре, смешни сте со вашиве будалаштини. Он победил на избори на кои сал него го избрале!
492. Нема кој него да го признај. Оти је самосвесен, слободен ем самобитен.
493. Со кого на чело? Со лујѓе со дигнати глаи и испраени снаги.
494. Блазе си му оти нема ни шо да добие ни шо да изгуби.
495. Исто ко да не била таената љубов меѓу две надеања.
496. Треба да го кркаат сите шо праеле и уште праат како досега.
497. Политиката не је играчка за мали деца, ами игра за големи.
498. И богатио је сиромав во сирота земја.
499. Големо дете си игра со недораснати чоеци.
500. И да ми се твојте години, ја никако не би бил ти.
501. Апашишта плодна земја не раѓа.
502. Права љубов ни се продаа ни се купуа.
503. Тешко на чоеко во измешани негов реален свет и заумен свет напраен за него.
504. И ја ко секој си имам свои болештини.
505. Дејгиди ненадминати далечини и времиња залудно потрошени.
506. Лесно се припознаа оној шо се научил да се трти, да коленичи, да се подлизуа и да се лакташи.
507. Си напрајл шо си напрајл и се заборајло. Па шо?
508. Чоек је дете со деца, млад со млади, а стар сам со себеси.
509. Не труди се да го забораам она шо меѓу нас можело да биди, а не било.
510. Ти играш, а они те играат.
НАРОДСКИ ИЗРЕКИ V