Народски изреки IV, 709-807

Потребно време за читање: 5 минути

709. Ако не разбираш оти со меч се пресекуа јазол кој не можи да се разврзи, тогај тебе не те бидуа за власт.

710. Не се надеај на големо дело од мало чоече.

711. Тешко вам кога гнев сенароден ќе се излеј спроти вас.

712. Труди се да не грешиш непоправливо.

713. Не можите со мене оти не сум ваш, а сум си свој.

714. Он не знај за мене? А кој је он?!

715. Не помислуаш на мене рамнодушно?

716. Само со големо дело ќе те има откога ќе те нема.

717. Првин е за тебе арно да бидиш еден и дома и надвор.

718. Сал со лујѓе свои на свое, со свое, во свое.

719. Најмногу, најубо и најслатко ти се смеат кога се смејш на своја сметка.

720. Дамна ти је рамно сè од немукает.

721. Биле заедно, се заедно и ќе бидат заедно ко ќе се најдат во небрано.

722. Ако кон наша догледна цел одиме со стамен чекор, чекоро нема да ни се умори до  него.

723. Ништо арно од тебе за народо кога пазиш саде твојто арно да не се расипи.

724. Многу не знајме за него и уште многу крие од нас. Он си знај зошто.

725. Цел живот се богател на сметка на народо, а на старост је од богат шо да нема побогат. И никој ништо не му можи.

726. Навалиле со неизлечиви болештини оти смислиле утре да нè нема, па земјава да си ја земат ко да је отсекогаш нивна.

727. Тешки ми се ноќите и дните без тебе, ама нема друго чаре освен да истрајувам во ними.

728. Во сиромашија ништо не је по мерата.

729. Вие ко да не знајте шо значи да почниш сè наново.

730. Прајте исти грешки ко оние пред вас, па после ќе ви бидат криви ојлевци-дојлевци.

731. Не чини системо оти им чини сал на оние шо го напрајле.

732. Денов да не ти мини без некое добро дело за утрешен али утрешни.

733. Прај за да остани напраено. А не за друг по тебе да го препраа.

734. Колку му је поблизу на чоека крајо, толку он понеможе а се сили оти може.

735. Не барај ме. Умрен сум по тебе.

736. Немаш кураж да го сметиш ѓубрето? Па оти се нафати?!

737. Не знај зошто, а кажува како!

738. Прво дознај и сознај, па после мисли му се шо и како.

739. Ми је смачено од сè шо не бидуа оти не се сака да биди.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ГОДИНИТЕ

740. Течи воѓе и со ними годиње.

741. Од денојте за многу нешта зависи годината.

742. Година мини и скоро ќе да била, а по неа белки иди ко шо ни треба.

743. Шо расцутело годинава, увенало пред догодина.

744. Тебе појќе ти вреди часо од годината?

745. Годиње во сите дни со ноќи.

746. Тебе добра година, мене шо да немало полоша.

747. Си ја развлекол годинава на месеци, а месеците на деној и ноќи, та ко да не ти се остаа измината.

748. Годинава полоша од ланската, а белки малу поарна онаа шо иди по неа.

 749. На слаб чоек подебела годинава од ланската, а на дебел послаба и ланската и догодина.

750. Се памети година која ем не родила ем остајла пустелија многугодишна.

751.Се стега обрачо околу тебе, а ти нема кај да бегаш.

752. Ја правина, ти кривина-ја и ти нигде заедно.

753. И натаму ти настрана. Оти така им је погодено.

754. Се најдуваме по многу годиње и ко да немаме шо да си кажиме еден другему.

755. Никој ништо не ти можи дека не си со никој.

756. Да живејме барем малце едни за други.

757. Ако не ти се исплатило, ќе дојди време да го наплатиш.

758. Во љубов со убајна за навек.

759. Денес си на едно, утре на друго. Јали од магаре на коњ, јали од коњ на магаре.

760. Ја сум учен да ги љубам љубените довека.

761. Животот је еден, ама се живеј секако.

762. Цел живот сум учел и од ука и од поука. Зато знам колку си знам.

763. Многу сум ти рекол за ти да доречиш.

764. Ако је то то, нема шо.

765. Ја бега, ја се крие, ама правдината кога-тогај ќе го стигне.

766. Биди доблесен, секојпат спремен да се соочиш со последиците од праењето и непраењето.

767. Ко сè друго во живото, и љубовта треба да се заслужи.

768. Најпрвин шо мора да се знај, па сè да се прај за народо ко шо треба:
Едно је држава, а сосем друго општество.

769. Нема ништо поарно смислено од демократија? Да, ама не каква било и каша-попара, ами слободарска ем системска!

770. Нема слобода за сите сè дур` секој лично не му одговара на народо.

771. Не можи да суди во име на народо оној шо не је избран од него.

772. Народо треба да избира власти за асолна држава и богато општество.

773. За да мениш нешто од корен, најпрвин треба то нешто сосе корен да го искорниш.

774. Не брзај, ама не чекај.

775. Дури партии се борат и се изборуваат за власт, ќе биди партократија наместо демократија.

776. Баш ми је гајле шо ними не им је гајле. Кои ними? Оние на кои ич не им је гајле за вакви ко мене.

777. Совеста почнала да те гризе? Да знајш, ќе те изгризе ко да си `рѓа, освен ако останало нешто во тебе незарѓано.

778. За сè ова од овие сосе оние народо дебело ќе наплати. Никому нема да му остани должен.

779. Ќе издржиме, ќе преживејме за инает на сите шо решиле да нè врлат во забораво.

780. Ич не ги мирисам оти и кога се преправаа оти се цвеќиња за мирисање ич не мирисаа.

781. Секое плодно семе си знај колку време му треба за да изрти на плодна, а колку на запустена почва.

782. За здравје:
Легни си совреме за да станиш шо порано.

783. Љубиш, не љубиш-времето за љубејње ти мини.

784. Се ватиле за раце крадец на ситно и крадец на крупно за народо да не можи да припознај кој е кој.

785. -Кај си бе чоек? Нигде те нема!
-А оти да ме има?!

786. Ај баталете ме мене. Ај да збориме за некој шо је некој.

787. Да бе, сè ќе си дојди на свое место, ама дотогај како ние вака изместени?

788. Ич не ми је криво шо не сум ви дал прилика да ме запознајте, зломисленици. И не ми паѓа на ум да ви дадам.

789. Било шо било, ама појќе не смеј да биди.

790. Ама не је убо ја да те знам, а ти мене не.

791. Ни се виделе ни се чуле, а љубов! Е, то је то.

792. Се собрале викачи и свиркачи, си напрајле партија, та тргнале да станат викачко-свиркачка власт.

793. Парата прај политичарите да се исти али слични ем безлични.

794. Не можи да не си оној шо си бил, колку и да си се променил. Па дури и маска да туриш на лице.

795. Не се тражиме, а можи да си требаме.

796. Ќе ме најдиш, ако не можиш без мене.

797. Парите не го праат чоеко чоек, ама можат да му поможат да стани.

798. Натерувај се сам за да не мораат да те натераат.

799. Ти ништо сосила али бессилен.

800. Пред мене празнотија, во мене самотија.

801. Веќе ништо сокриено и прикриено откога се откри колку скапо стратешкио ни партнер купуал наши идиоти и изроди!

802. Не је сè во парите кога имаш пари.

803. Јасно је ко бел ден и црна ноќ:
Стратешкио ни партнер не ни помага, ами најмногу шо можи ни одмага.

804. Најлошо је да ти чини, а да нема никој да ти кажи оти не чини.

805. Околу нас, меѓу нас, а и во нас има многу шо се осетуа, а не треба да се разбира.

806. Ништо само од себе не си доаѓа наместо.

807. Нешто да ти речам:
Има љубови од дамнина шо траат.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV