458. Во исто секојпат макар една јота различно.
459. Веселете се и играјте дур` сте живи и колку-толку здрави.
460. Скраја од душмани? Никако! Нападуј ги и да имаат уплав од тебе.
461. Ќе платиш за сè шо си надробил и не престануаш да дробиш.
462. Било шо било со тебе и ќе биди шо мора да биди ко ќе ти дојди редо.
463. Од утре беше, од денеска бидуа.
464. Биди чоек-не забораај на добрините шо ти ги сториле добри лујѓе.
465. Како со мене натаму? Лоесно со љубов и разбирачка.
466. Секој можи да напрај нешто за паметење. Арно али неарно.
467. Поарно очи в очи, одошто очи да не си видиме.
468. Види богати! Ти да му `рмбаш, а он да се богати!
469. Еднаш ќе му слугуаш, па другпат, па третпат и…му стануаш слуга покорен цел живот.
470. Скоро ќе си никој и ништо, неранимајко низаеден!
471. Шо ме страши? Ме страши то шо мнозина се праат стопани, а не ги бидуа за стопанисуање.
472. Завислив од пари:
Ако не је за со пари, ич не јавуј се.
473. Тешко му на стално задуман шо и како да прај.
474. Џабе бегаш од правдата. Ќе те стигни кога-тогај и ќе ти го свитка врато.
475. Ја излези на виделина, да те видам!
476. Не барај ме ако не ти требам, убајно.
477. Сакаш да се раатисаш од мојто дело?! Кажи како да ти поможам.
478. Мора и ќе биди поарно за сите? Да, ама за мене не ми се веруа.
479. До кај си, чоеку, со чоек и со лујѓе?
480. Ем гладен ем жеден за мало внимание и малу почитание,
481. Старо аро, а помладо од младо.
482. Можи и да се видиме, ако сакаш да ме видиш ко шо сакам ја.
483. Очиве не ми те догледуаат.
484. Секој ден од рани зори-за живот и создаање.
485. -Кај си бе ти? Нигде те нема!
-Сенка сум ти.
486. Да го ватиме и во мрачнина да го врлиме оној шо сè прај да не се трпиме.
487. Лукав си ти, ама и глупав.
488. Признај си, ти дојде мило на душа оти се чувте. Значи, уште не сте се заборајле.
489. Слободно кажи си шо мислиш. Ако се мислиш слободен.
490. Би можел нешто од сè шо ти кажуам и да запамтиш.
491. Злото и злобата раснат во оние на кои сè нешто не им је по мерата.
492. Ќутиш оти не знајш шо и како да одгоориш.
493. Не је неразбирливо, ама је неприфатливо.
494. Круго околу тебе се стеснуа, а ти веќе не можиш надвор од него.
495. Со лесно и кога ти је тешко.
496. Да ти биди толку арно, шо од арно да не куртулиш.
497. Никој ко ја и ти дур` сме во исто, со исто и на исто.
498. Шо? Зар пак по старо?! Зато никако да ни тргни.
499. Најдобро е секоаш подобро од добро.
500. Не се прај оти можиш кога не знајш.
501. Многу и сè подолги години далеку, та сè подалеку еден од друг.
502. Чоеко во години најмногу го мачи залудноста.
503. Се страшам оти веќе никако не можам да им поможам на мојте потомци.
504. Снеможуање-исчезнуање.
505. Пишано ти било да тргаш маки дур` си при ум.
506. Се секирам шо ќе биди со тебе утре без мене. Белки нема да биди исто шо и со мене.
507. Не пукај во празно. Екотно је.
508. Никоаш толку за мене, колку за сите.
509. Љубовта не се раѓа, ами се буди во чоек.
510. За мене не се наши оние на кои не им значи ништо наше.
511. Бар староста на лујѓето меѓу нас да им биди достојна.
512. Секако је предоцна да си признајте оти многу му згрешивте и му грешите на чоек со велико дело.
513. А бе не је зборо за мене, ами за мојто дело. Кое го молчите оти не сте му дораснати.
514. Вие само прајте се наудрени. Немате уште многу за издржуање до времето во кое ќе бидите такви.
515. Многу је срамно за вас оти совреме не ги догледуате и величите великите лујѓе меѓу нас.
516. Народо реши да си го поврати од вас украденото, па немате шо и како инаку, освен да го труете и умирате.
517. Никоаш не ми било, нито ми је лесно преживуањето. А веќе не знам ни како уште.
518. Можи долго време како било, ама тогај не можи да биди ко шо сакаш да је.
519. Си му веруал, си изгубил верба во него, а сега пак му поверуа. Тешко тебе со него.
520. Стар бел дедо порачуа:
Моето заврши шо заврши, а вашето не можи ни да почни ако злото сосе корен не го откорните.
521. Ни нема спас штом големи лујѓе меѓу нас ни пристојно не си го живеат својо животец.
522. Имаме ја и ти многу да си докажиме. Кога би се нашле.
523. Заборајле шо сè сум праел и напрајл? Зато шо сакале и им се можело да забораат. Они си знаат заошто.
524. Вардат да не се сретнат оти многу си должат меѓусебно.
525. Ја не кажуам никому за нас, а дали исто и ти, то си је твоја работа.
526. Не се жалам, туку не ми је прао. А кривото немам ни време ни сила да го испраам.
527. Меѓу ништожни саде ништожни.
528. Ја за секој шо мисли и создаа дела.
529. Во секое вредно дело и животи и смрти.
530. Будали биле, будали се и будали ќе бидат дур` им требаат на итри. А и потоа-неизлечиви.
531. Вистината се знај, само уште да се најди оној шо од лаги ќе можи да ја одбрани.
532. Стар бел дедо му се потсмејува и му се смеј на млад шарен ветрогон.
533. Не ми збори за твоја таена љубов. Поарно молчи ја. Ко досега.
534. Те напраија газда газди шо ништо арно не му мислат на народо, та сега мораш да им слугуаш понизно.
535. Немаш ни скршена пара в џеб? А шо ќе ти је скршена?!
536. Во наше време и најдалечни најблиски.
537. Опцуј ако ти је за олеснуање. Па кој чуе, нек` чуе.
538. Не ни помислуаш колку се резилиш кај сојузнико со тртењето и коленичењето.
539. Ужалени кловној ем расплакани кловнојки на чело на циркус-партија. Никако да прежалат оти веќе не се власт.
540. Длабоко се поклонуам пред големо дело на голем чоек.
541. Љубов:
Она имала мнозина, а он ја имал саде неа.
542. Шо си бил веќе не си, и не пробуај да бидиш пак.
543. Ако слушаш саде глупости на глупаци во политиката, гарант и ти ќе станиш политички глупак.
544. Се знаело и се знај:
Сè шо власта прај за добро денес и утре је од народ за народ.
545. Испрани пари во валкани раце.
546. Со добра мисла секоаш, и по многу години.
547. Најмногу се радуам оти не сме се заборајле.
548. Мора да је многу голема љубов, чим се сакате на стари години како на млади.
549. Потрошила земја снага чоечка, та нема кој да ја плодороди.
550. Никого сосила и без добра волја.
551. Зборо је за лујѓе разбрани. Не је за неразбирање.
552. Секој со својо крст на чело.
553. Живото си оди и остаа трага за живот шо иди.
554. По многу години пак ја и ти, ама не исти.
555. Остааш нешто да созреј и го вардиш да не презреј.
556. На стари години веќе не година, ами миг, час, ден, ноќ. Од воздив до издив.
557. Џабе сè, ако не је ко што треба да биди.
558. Те знам и те ценам според твојто дело. Според друго не.
559. Како ми је, је од шо било.
560. Шо беше беше, а шо ќе биди и знам и насетуам.
561. За тебе можи да не сум жив, ама сум во твојте спомени неизбришлив.
562. Те мислам со мене, саде ја и ти.
НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV