НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV, 389-457

Потребно време за читање: 3 минути

389. Не ви иди во умо оти на крајо ќе останите избезумени.

390. Лошо ви се пишуа од народо. Кај и да бегате, кај и да се сокривате.

391. Му се смачуа на чоек да ве гледа како се пењавите како глупави измеќари на туѓини и партиски водечки апашишта.

392. Отсега сега за после.

393. Брго сами ќе се дотерате до питачки стапој, политикантски апашишта низаедни.

394. Скоро ќе те прескокнат оти почна многу да скокаш.

395. Во секој мој сон ти, љубима.

396. На апашишта да не им се исплати апашлако?! Не бе, жив страв да ги изеј за наум и на најмал.

397. Не работи џабе ако нема ништо за џабе.

398. Веќе изгнијал, а уште треси зелени.

399. Лесно се сокриваш, но уште полесно сам се откриваш кога ќе ти се одземи азното украдено од народо.

400. Глупако не се страши од мудрецо, а бега од него ко од огон.

401. Блазе си му!
Жената му ем му је жена ем му је љубовница.

402. Било, је, а никој не знај до кога ќе  биди:
Големи ем силни им кројат на мали ем слаби.

403. Партија во пропаст:
Празноглав предводник на тапоумни политиканти.

404. Мори гуско, политички прогон не је прогоно на политикантски апашишта, ами на умни, опитни и чесни политичари.

405. Свртеле страница непрочитана оти не знаат да читаат.

406. Не можите, а можите оти морате.

407. Алчни и аздисани трговци-апашишта шо крадат од народ сиромав.

408. Ни продаваат магла оти нема ветриште кое ќе ги одвее шо подалеку од нас.

409.Гнево на народо секоаш насочен кон својо непријател.

410. Одгледуаме деца за своја, наша и заедничка живеачка.

411. Чиста љубов во чисти срца.

412. Изворо не ни пресушуа ако го браниме од сушини туѓински.

413. Мислиш оти ќе ти се заборај крадачката? Кога-тогаш ќе те стигни правдата и ќе мораш да ја вратиш.

414. Застрашуањето на народо и безмилосното казнуање на патриоти мора дебело да се наплатат.

415. Не пробуај ко ја. Пробај ко ти, па ќе видиш колку је мачно ем тешко.

416. Со тебе во спокоен сон, љубима.

417. Види се кој си и шо си за да не бидиш шо беше.

418. Да имаш колку шо ти је доста.

419. Ќути бре, тебе ти је редо. Зар не осетуаш оти ти го собрале за оцрнуање?

420. Со стратешкио саде стратешки на рамна нога.

421. Да ти кажам прао, веќе не им испраам криво. Ко им стој такво, нек` им стој.

422. Не сме заедно оти ништо не си ми во живото.

423. Прај се наудрен дека не читаш шо си пишуам, па ќе ти биди многу полесно во живото.

424. Ти пропадна политиката, та сега немаш ни жена ни швалерка.

425. Ебати партијата кога дозволуаш да ти ја предводи дибек, простак и неписмен.

426. Опули си ги очите да не те оќораат.

427. Ти ко да си паднал од небо!
Кај си чул и видел чесен тргоец кого го ватило срам од алашвериш?!

428. Ја не советуам оти не сум ничиј советуач. Само си кажуам. Некој ја слуша, ја се прај наглув, ја је.

429. Не цени го по изгледо, ами по збороумноста.

430. Не прашај се дали ми фалиш, туку дали си фалиме.

431. Со тебе ми је достатно да сме заедно, да се глеаме очи в очи и да молчиме.

432. Дур`сум жив ќе бидам жив.

433. Те научил лажго и крадач како да лажиш и крадиш ко предводник на наивни, будали и гребаторски партиски послушници.

434. Создаеното е за на пазар. Не создаањето.

435. Секој стар ќе ти раскажи колку брго минуа времето дур` је чоек јак.

436. Не чини да си стално заедно со оној без кого не можиш. Понекоаш ти треба и да си сам ко некој без никого.

437. Ти си проблемо ако ти је исто со лујѓе шо ги сакаш и со лујѓе шо не ти се ништо.

438. Ти се заарни работата, та заборај како је кога је лоша.

439. Пртај како знајш и умејш и никому да не му се жалиш.

440. Она и ден-денес не знај колку ми треба откога ја нема.

441. Нема плачка по играчка со трговци научени на крадба во сиромашија. Најлесно им је да напраат од наивен будала.

442. Со тебе, љубима, сè незаборавно.

443. Баш ти је гајле за мене? А оти да не ти је?

444. Слободен си ако си свој на својто.

445. Вкоренет је, извишен и стамен ко дрво вековито.

446. Знајш за мене колку шо ја сакам да знајш.

447. Збогум и со здравје без мене.

448. Сè има крај и секој си је со својо крај. Сето мое и ја со крај во смирение.

449. Ма какви политички партии?! Мафијашко-политикантски дувла!

450. Ништо од утрешо со вакво денес. И со вакви апашишта-внатрешни непријатели на народ отепан од сиромашија.

451. Не је слободен пазаро за да лажиш и крадиш на грбо на народо сиромав, ами за да расти квалитето на стоката шо се нуди на него.

452. Се препраа оти је прост, ама је големо итроманиште.

453. Во лажовен свет прва на живи маки је вистината.

454. Мајмуно не прај мајмунлаци меѓу мајмуни.

455. Неписмен ти напишал шо да читаш, а ти се препрааш ко да го разбираш пишаното.

456. Куче каснуа чоек шо не му го разбира лаежо.

457. Џабе ти је да сториш шо било против љубов.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV