НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, IV, 239-303

Потребно време за читање: 3 минути

239. Не е исто, а е слично да крадиш шо било и да крадиш од друг за да го прикажиш ко твое.

240. Да се лажиш појќе отколку да те лажат, то значи оти си али недоветен али платен да се прајш наудрен.

241. Трагедија:
Не те бидуа, а без тебе не бидуа!

242. Ај пак најјасно од мене:
Не сум со ними оти они не се со мене.

243. Шо се прај кога нешто не оди? Се прај шо мора, и то без одлагање.

244. Чоеко је чоек со докажано чоечко во него.

245. Ја сум оти никој не је ко мене.

246. Ако не ме сакаш то шо сум каков шо сум, ја и ти никоаш нема да се засакаме.

247. Во држава со народ и малцинства мора да се знај колкумина лујѓе се требни за да се признаат ко малцинство.

248. Ќе ни биди државичкава со сите нишани, а во општествово секој ќе има пристојна живеачка, али нема да нè биди.

249. Првин прашај се дали заслужуаш одгоор, па после прашај.

250. Не глеаме како се менуаат времињата оти ние не се менуаме.

251. Онемела љубов од жал за љубов.

252. Народо се прашуа кога не се прашуа.

253. Лесни се туѓи пари за свое трошење без усул.

254. Ако си доследен чоек, секоаш си само со доследен.

255. Сиромав, а го троши и она шо го нема!

256. Ти наредуаат, те уценуаат, а ти си запнал да бидиш саде со ними и со никој друг.

257. Одење во неврат:
Сè појќе доцна и предоцна.

258. Чоече, уште не се свестуаш оти од ден на ден сè појќе не му требаш никому?

259. Жално и страдално:
Од ден на ден сè помалу чоек во чоек.

260. Примитивизмо и идиотизмо рака под рака со крадба на туѓо и слепо партиско слуганство.

261. Против агресивнио национализам мора решително и жестоко во корено. Ако не власта, тогај народо.

262. Сиктер од сè шо приграбивте за да биди само ваше!

263. А шо да делиме кога нема ништо ваше?! Да не испокраденото од памтивека наше?!

264. Ако не ви чини со нас, збогум и со здравје!

265. Ако странскио фактор је уште фактор од кого они зависат ем се плашат, нека им се покажи и докажи ко фактор.

266. Има фајде од зборење ако има кој да слуша. И од ќутење.

267. Не остаај шо било. Крајно време је да биди.

268. Мисли ко чоек. Белки не си ко диво животно.

269. Можиш со мене ако знајш како.

270. Ја на почетоко на крајо сал дребен стар бел дедо.

271. Чоек можи да го смени свето? Можи својо, шо он го напрајл.

272. Џабе му повторуаш на оној шо непара учи.

273. Како си сè постар, за сè појќе од твојте во твое време се прашуаш дал се уште живи али се веќе умрени.

274. Напрајл да го наградат, па се радуа на наградата ко мало дете.

275. Си ме заборајла? Можи, ама не ти веруам.

276. Зар не ти је срам да те предводи тапоумен?! И ти си чим не ти је.

277. Шо со мојто дело? Како шо?! Можи само мое али во неврат со мене.

278. На власт сал со ум и разум, чесност и чистота.

279. Енергија за енергичност пред и над сè.

280. Земјата е на оние шо ја чуваат, ја работаат, ја плодат и живеат заедно со неа.

281. Првин признај си на себеси оти не те бидуа за ова, па после прај го она за шо те бидуа.

282. Мудрецо се слуша совреме. Не откога ќе навали невреме.

283. Чекаш, а веќе знајш оти нема да дочекаш? Оти не ти преостана ништо друго.

284. Умрела љубов? Зато шо не била, нито ќе биди.

285. Шо остајло трага, не се забораа.

286. Можи на поарно, ама ако је за напред.

287. Дено сè подолг, ноќта сè покуса, умората сè поголема…здравјето сè послабо.

288. Не најмногу, ами сè за ништо ако не је за никого.

289. Чекор уште стамен, ама и сè подолг и сè потежок.

290. Ако си чист, ќе чистиш и ќе бараш да се чисти.

291. Мора да се знај кој је кој и каде можи да биди.

292. Со мене и од мене шо било за добро.

293. Нема соживеачка со оној шо посега по туѓо за да биди негоо.

294. Проста душа-добра душа, чиста душа, широка душа.

295. На наша врвица кон врв, наспоредна со мојата и твојата.

296. Зломисла и злодело за да се одбрани украдено, сокриено, матно, валкано.

297. Со политика продаа рог за свеќа.

298. Нигде љубов шо била исто ко да не се родила.

299. Секое гниење почнуа и се шири однатре. Не однадвор.

300. Или ќе напрајш да чини или ти не чиниш.

301. Никоаш доста чим нема ништо без пари.

302. Колку помала власт, толку поевтина држава ем побогат народ.

303. Ништо не се прај само од себе.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, IV