НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV, 77-176

Потребно време за читање: 4 минути

77. Твојта убајна во деној и ноќој без мене.

78. Срам голем је за тебе да не знајш до кај можиш да си ги пружиш нозете.

79. Нито ти веруам, нито скоро ќе ти поверуам.

80. Ни ја не можам да ги попраам грешките во живото досегашен. Оти ми ги напраија и ми ги праат.

81. Чим мислиш оти вака ти је арно, терај си така.

82. Толку многу ми се собра горчина во душава, шо сè почесто ми иде да дигнам раце од сè.

83. Да не ми излезите пред очи, да не ми чукнете на врата, нито да ми стапните на праго!

84. Извинете ме, морам да ги опцујам:
Гонете се сите во мајчина ви!

85. Уште не се свестуаш на кое дереџе те паднаја, македонски народе? Господ на помош!

86. Он случај?! Жива срамота!

87. Не можи чоек саде сам да си је крив.

88. А бре лујѓе, до кога ќе дозволуаме шути, рогати, итри и будали да ни го кројат животецо?

89. Од сите страни сите сардисани!

90.-А бе, ти жив ли си?
-Зер не ме глеаш?! Да не си слеп при очи?

91. Ита времето, а ние со него, по него, никако без него.

92. Против силнико не можи инаку, освен со силата на умноста и достојноста.

93. Прај сè шо знајш и умејш, само да не се најдиш во луѓе без свесност за својта безвредност.

94. Тешко, мачно, болно-во јабана.

95. Држава не се прај со слуганство и идиотска послушност.

96. Чекор назад за стамен чекор напред.

97. Тврд орев болен однатре.

98. Црво на сомнежо во тебе го рони врво шо си го искачил.

99. Алал да ти је кога можиш сам со себеси.

100. Молчиме оти љубовта ни нема зборој.

101. Власта си је на власт за власт и ич не ми је гајле за неа.

102. Веќе никој не мојт да ми напрај нешто сал за мене, за да ми биди поарно одошто ми је.

103. Ја, дребникав старец со избројани деној и ноќој, ко мало дете запињам да го опраам свето.

104. Сите шо ми сторија зло и да се уште живи за мене одамна не се.

105. Староста је грда без убајната на живата љубов.

106. И така ја денум-ноќум. Мислам, творам, баш ко дребнав ем обессилен стар бел дедо.

107. Сум ги задолжил со дело, а они се праат ко да не ми должат ништо.

108. Ми треба почитание не од кого било, ами само од оној шо знај колку је трудно и мачно да создајш дело во ветер и магла.

109. За мене саде шо било, а од мене шо је и шо можи да биди.

110. Крајо се ближи кога почнуаме да заборааме сè појќе и сè побрго.

111. Ме нема никој саде за себе.

112. Мери си ги зборојте за друг, ако нејќиш брго да те онемат.

113. Во длабока празнотија без тебе, љубима.

114. Ја сум си свој, ни силен ни слаб. Ем уште жив ем уште животворен.

115. Кој пизми, се пизми.

116. Се мене не мојт секој. Мојт понекој.

117. Во свето никој ко ја. Во мојо свет саде ја.

118. Се страшиш да си признајш на себеси оти пет пари не вреди шо си создал.

119. Напатена душа создателна.

120. Како ја? Ко досега. До крајо на живото на себеси доволен.

121. Ич не пробуај да ме стигниш на мојо пат.

122. Не барам оти од вас не ми треба. Нито признателност, нито почитание.

123. Најдалеку шо можиш од лицемерен.

124. Му остаам на времето да бриши од мене пишано.

125. Ти прашај ме, а ја ќе проценам дал заслужуаш да ти одгоорам.

126. Со незаслужена награда сам се стај на столбо на срамо.

127. Можи нешто за мене, ама не.

128. Ако не ти је верно прашај, барај, испитуај, проверуај.

129. Од лошо полошо до најлошо, а за добро доволно.

130. Не сме исти, ама треба да ни је сè исто.

131. До кога ја и вие? Додека ја.

132. Рамнодушието не је ослободуање, ами голем личен тоар.

133. За мене је сè ко шо било. Нито знак на шо можи да биди.

134. Не се достојува прав спроти незабораена љубов.

135. Првин прашај се до кога саде ќе прашуаш.

136. Зошто си го тормозиш мозоко со минливи нешта?

137. Јадиш туѓ леб и се богатиш.

138. Седиш на две столчиња, а пред тебе коленичат.

139. Си избрал со кого си оти за никаде не си.

140. Остаена љубов во беспатје.

141. Ако го признајш мојо искон, самио ќе откриеш многу лажги за себеси. Можи и оти не си шо му се прикажуаш на свето.

142. Лажеш оти те лажат оние шо и себеси се лажат.

143. Само да не разбериш предоцна.

144. Владеј умно и работно.

145. Можиш без мене? Ако можиш, тогај ја морам без тебе.

146. Творецо се одмора меѓу негој два воздива.

147. Ако си за напред, секоаш бидуа шо не било.

148. Можи и така, лека-полека. Ама тешко тебе штом је сè брзо.

149. Секоаш уште во живото је сè потешко и помачно.

150. И отворена рана се издржуа ако је излекуачка.

151. Најсам си кога си над сите.

152. Од мене никоаш доста? Саде за оние шо ме ценат кој сум и знаат шо је шо.

153. Ај заборај ме и сè ќе ти биди полесно.

154. Со злобата иде и злосторо? Иде ако злобата не се сотре совреме.

155. Убајната со годините и живото.

156. Добар си според шо сè не преброди.

157. Не нешто, а многу за како било.

158. Откога ти се докажа, не ти се веруа оти на свето нема поголемо дело од негоото.

159. Знајш сè за мене, а не сакаш да знајш ништо.

160. Една смрт, а секакви умирачки.

161. Мнозина те забораија, малцина уште те памтат.

162. Од чистотата најпојќе зависи здравјето.

163. Народо во ред, однародени преку ред.

164. Пеплосана душа од злостен огин.

165. Догледуам пред мене млад и стар рака под рака.

166. Саде жива страмота за страмота.

167. Да учиме едни од друзи и едни со друзи.

168. Не се сакалдисуај за мене. Мене утре ќе ме нема, а тебе ќе те има.

169. Ако немаш љубов за мене-ме немаш.

170. Богат чоек колку шо је чоек.

171. Без тебе ми требаш ти.

172. Го зедоа чоеко на душа и он се сневиде.

173. Се знам себеси и ги знам оние шо се знаат себеси.

174. Простак се гордеј со награда за сторени простаклаци.

175.-Не мојш да им се допаѓаш на сите.
-Ами заошто да се допаѓам?! И заошто на сите?!

176. Мудрио не се надмудруа со мудар. Он се радуа да се заедно.